Актери кои се соочиле со нивните најголеми стравови за време на снимање
Добрите актери секогаш нè восхитуваат со нивните изведби, но знаевте ли дека понекогаш, она што го гледаме на филмот воопшто не е глума? Особено ако станува збор за страв.
Неретко, за време на снимање актерите мораат да се соочат со нивниот најголем страв, па емоциите што ги гледаме се всушност реални.
Погледнете кои актери и актерки се соочиле со нивниот најголем страв за време на снимање:
Рајан Рејнолдс – клаустофобија во „Buried“
Познатиот актер страда од клаустофобија, а за целото снимање на филмот „Buried“ тој бил затворен во мал простор.
На крај, неговата изведба беше толку уверлива, што додека го гледате филмот сигурно ќе се почувствувате како него.
„Си помислив дека никогаш повеќе додека сум жив нема да се пожалам на филмски сет. Беше тешко. 'Buried' беше многу, многу тежок за снимање, и емоционално, и физички. Од снимањето си заминав како променета личност“, вели актерот за целото искуство.
Салма Хајек – страв од змии во „From Dusk Till Dawn“
Наводно, режисерот Квентин Тарантино не ѝ кажал на Салма дека ќе треба да сними сцена со змија, па веројатно и затоа ја прифатила улогата.
Кога сфатила дека ќе треба да танцува со змија, се противела, но Тарантино ѝ рекол дека Мадона се согласила да ја сними сцената.
Тогаш Салма сфатила дека ова е можност што не може да ја пропушти, а резултатот е една од најжешките филмски сцени.
„Па, беше добро бидејќи го надминав мојот најголем страв. Бев во транс додека танцував. И немаше кореографија. Импровизирав.“
Силвестер Сталоне – страв од височина во „Cliffhanger“
Изгледа дека и Сталоне си има свои стравови, а кога ја прифатил улогата во „Cliffhanger“, тој не знаел дека ќе се соочи со еден од нив.
Според режисерот, кога првпат му соопштил на актерот дека ќе треба снимаат на голема надморска височина, Сталоне рекол:
„Мора да се шегуваш. Имам страв од височина. Највисокото нешто на коешто ќе се качам се моите каубојски чизми“.
Сепак, на крај актерот собрал храброст и го надминал својот страв.