10 потценети романтични филмови што ќе ви го исполнат срцето

Love, Rosie (2014)

Рози и Алекс се пријатели уште од детството, но не можат да се замислат себеси како двојка. Сепак, кога нивните животи тргнуваат во сосема поинакви насоки, тие сфаќаат дека се создадени еден за друг.

Love Happens (2009)

Бурк е мотивациски говорник кој има напишано бестселер на тема како да се справите со болка и страдање. Тој е принуден да се соочи со своите внатрешни демони откако запознава цвеќарка која му го менува животот.

The Duff (2015)

Млада, харизматична средношколка открива дека во секое друштво има по еден DUFF-Designated Ugly Fat Friend или грд, дебел, пријател. Но, она што е шокантно за неа е фактот што таа е овој тип на пријател во групата.

Obvious Child (2014)

Незрела стенд-ап комичарка која останува без работа се соочува со созревањето откако кратката љубовна авантура со дипломиран студент резултира со непланирана бременост.

Something New (2006)

Кенија оди на состанок на слепо со Сајмон, не знаејќи дека тој е белец. Таа е сосредоточена на нејзината кариера, а се подразбира дека не може да биде дел од мешана врска. Запознавајќи уште еден потенцијален маж во нејзиниот живот, Кенија мора да одбере помеѓу сигурниот, очекуван избор и оној што нуди малку повеќе изненадувања.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg