10 потценети романтични филмови што ќе ви го исполнат срцето
Време е за малку романтика. Покрај стандардните филмови кои на сите ни се добро познати, постојат и многу што се недоволно промовирани, а прекрасни.
Доколку не знаете што да погледнете, а сакате да се опуштите и да ви се исполни срцето, ги имаме вистинските 10 романтични предлози за вас:
Playing It Cool (2014)
Сценарист кој никогаш претходно не бил вљубен ниту пак бил во романтична врска има задача да напише сценарио токму на оваа тема. Сепак, момчето наоѓа инспирација кога ненадејно ќе се вљуби во жена за која не знае дека е верена.
Sleeping with Other People (2015)
Атипичен, романтичен филм за човек кој е опседнат со жени и жена која не може да остане верна во врските. Со текот на времето нивното платонско пријателство прераснува во нешто повеќе.
Love Me If You Dare (2003)
Жулиен и Софи се најдобри пријатели, но уште од мали нозе играат бестрашна игра на надмудрување еден против друг. Како што закачките стануваат сè повеќе сериозни и опасни, парот сфаќа дека играта е само начин за да ги скријат вистинските чувства кои ги имаат еден за друг.
Penelope (2006)
Модерна бајка во која главниот лик е Пенелопи, млада девојка која потекнува од богато семејство, но проколната со мистериозна клетва. За да ја скрши клетвата, некој мора да се вљуби во Пенелопи и да ја сака токму онаква каква што е.
Made of Honor (2008)
Том и Хана се пријатели уште од колеџ и нивната врска никогаш не ги поминала границите на платонското. Но, кога Хана објавува дека ќе се мажи, Том конечно сфаќа дека е вљубен во неа.
https://www.youtube.com/watch?v=XFQN3biQ4×8