Филмови кои добро ќе ве насмеат и ќе ви го поткренат расположението
Mary Poppins Returns (2018)
Неколку децении по нејзината прва посета, омилената, магична дадилка Мери Попинс повторно се враќа во домот на семејството Бенкс, да му помогне на Мајкл, кој сега веќе е возрасен, и на неговите дечиња.
https://www.youtube.com/watch?v=-3jsfXDZLIY
The Farewell (2019)
Кинеско семејство открива дека на нивната баба ѝ преостануваат уште неколку месеци живот и решаваат да ја задржат оваа тајна, а во меѓувреме да закажат свадба пред таа да умре.
Set It Up (2018)
Двајца асистенти, Харпер и Чарли, имаат навистина луди шефови со коишто не можат да излезат на крај. Младите работници ќе сковаат план како да ги спојат шефовите заедно.
Late Night (2019)
Кетрин е водителка на вечерно ТВ шоу, а се шушка дека ова е последната нејзина сезона и дека ќе ја заменат со друг водител. Таа решава да вработи нов член во тимот на мажи - изненадувачки, жена.
Night School (2018)
Група на луѓе кои не го завршиле средното образование се принудени да посетуваат вечерно училиште со цел да ја добијат својата диплома.
(О)Милена | Црнобело