Филмови кои добро ќе ве насмеат и ќе ви го поткренат расположението
Дефинитивно на сите ни се потребни смеа и добро расположение. Во овој продолжен, празничен викенд потребна ни е доза филмови кои ќе ни го држат серотонинот на високо ниво.
Опуштете се во кругот на најблиските со следните 10 комични предлози:
Aladdin (2019)
Филмската екранизација ја следи добро познатата приказна за Аладин, сиромашно момче кое преживува со ситни, криминални активности заедно со своето мајмунче. Но, што ќе се случи откако ќе ја пронајде волшебната ламба која може да му исполни 3 желби?
https://www.youtube.com/watch?v=foyufD52aog
Crazy Rich Asians (2018)
Рејчел Чу оди во Сингапур заедно со своето момче за да го запознае неговото семејство. Сепак, таа нема поим колку всушност е богат Ник… и какви се неговите роднини.
Always Be My Maybe (2019)
Сите претпоставувале дека Саша и Маркус ќе завршат заедно. Тие се најдобри пријатели уште од малечки, но една непријатна ситуација ќе го прекине нивното пријателство. 15 години подоцна, Саша и Маркус повторно се среќаваат.
Incredibles 2 (2018)
Семејството „Неверојатни“ оди на нова мисија, но овојпат улогите се сменети: Боб, односно „Господин Неверојатен“ мора да седи дома, да се грижи за домот и децата, додека Хелен „Еластичната девојка“ ќе го спасува светот.
A Beautiful Day in the Neighborhood (2019)
Филмот е базиран на вистинската приказна за долгогодишното пријателство помеѓу Фред Роџерс и новинарот Лојд Вогел.