5 мини серии кои се гледаат во еден здив
Останавте без идеи што да гледате? Ви предлагаме 5 мини серии кои комплетно ќе ви го задржат вниманието.
Имаат по само неколку епизоди, но тоа е сосема доволно за да ги прераскажувате и препорачувате со денови.
1. The Lost Room, 2006
Оваа мини серија од 3 епизоди раскажува приказна за обичен детектив кој сосема случајно доаѓа до клучот од собата со број 10 во хотелот Саншајн. Но, клучот не ја отвора само таа врата...
https://youtu.be/pB-1h1F6vrI
2. Houdini, 2014
Кратка серија од две епизоди која ја раскажува животната приказна на прочуениот магионичар.
3. Chernobyl, 2019
Пет епизоди за трагедијата која го погоди Чернобил. Фантастична реконструкција на трагичните настани и обидите да се неутрализираат последиците од најголемата нуклеарна катастрофа.
4. Patrick Melrose, 2018
Патрик пати од бројни заивсности од кои сака да се ослободи. Низ 5 кратки епизоди оваа серија сериозно ја подига свеста на теми на кои сите треба да размислуваме.
5. Olive Kitteridge, 2014
Секое семејство има своја тајна. Низ 4 неверојатно возбудливи епизоди, се открива што може да се случи во едно семејство во текот на две децении.
М. Д. | Црнобело