10 нови, возбудливи филмови од 2020 со кои одлично ќе си го пополните времето дома
Иако поминаа неполни 3 месеци од 2020 година, излегоа премногу филмски наслови кои не смееме да ги занемариме.
Доколку сте расположени за добра акција, трилер, драма или пак авантура, ви нудиме 10 одлични филмови кои ќе ги задоволат вашите вкусови и одлично ќе ви го пополнат слободното време дома:
The Invisible Man (2020)
Сесилија е во токсична врска со човек што сака да ја контролира. Откако успева да го напушти, тој се самоубива. Но, таа е убедена дека Адријан е сè уште жив и ја прогонува. Само што е невидлив.
The Banker (2020)
Двајца црнци се обидуваат да започнат бизнис во текот на 1950-тите. Тие најмуваат белец кој се претставува како директор на компанијата, додека двајцата глумат чистач и возач додека всушност се мозокот на целата бизнис операција.
The Hunt (2020)
12 луѓе се киднапирани и се будат на непознат терен. Некој ги лови. Кој? Зошто? Како што полека почнуваат да умираат, една жена е доволно храбра да ја открие вистината.
Emma. (2020)
Според новелата на Џејн Остин, Ема Вудхаус обожава да биде стројничка и да им се вмешува во љубовниот живот на пријателите и семејството.
Onward (2020)
Сместен во светот на фантазијата, двајца браќа кои се тинејџери и воедно елфови се во потрага по малку магија. Дали ќе успеат да поминат само еден ден со нивниот татко кој починал уште додека биле малечки?