10 серии што со нетрпение ги очекуваме оваа пролет
Noughts & Crosses
Ако сакате дистописки филмови и серии, тогаш сигурно ќе ви се допадне Noughts & Crosses.
Серијата е адаптација на истоимената книга од Малори Блекмен, а гледачите ќе имаат можност да видат како би изгледал 21-виот век ако општеството беше поделено според расите.
Во овој алтернативен универзум, привилегирани се луѓето со темна кожа, а опресијата ја чувствуваат луѓето со бела кожа.
Премиера: 5-ти март
Defending Jacob
Уште една серија направена според книга, овојпат од авторот Вилијам Ландеј.
Главната улога му припаѓа на Крис Еванс, кој го истражува убиството на соученикот на Џејкоб, неговиот син.
Проблемот настанува кога сите докази почнуваат да водат кон Џејкоб.
Премиера: 24-ти април
Snowpiercer
Се сеќавате на филмот на Бонг Џон Хо од 2013-та? Годинава ќе имаме можност да ја погледнеме истата приказна како серија.
Дејството се случува откако Земјата е опустошена од екстремно ниските температури. Целата планета е замрзната, а 3000-те преживеани луѓе се наоѓаат на огромен воз кој вози без прекин.
Во возот се формира ново општество, каде што повторно има привилегирани луѓе и ниски класи.
Премиера: 31-ви мај
Self Made: Inspired by the Life of Madam CJ Walker
Оваа серија раскажува за првата афро-американка која станала милионер.
Таа била родена во 19-тиот век, набрзо после укинувањето на ропството. Нејзините родители умреле кога била многу млада, па самата морала да се избори за своето место во светот.
Главниот лик ѝ припаѓа на оскаровката Октавија Спенсер.
Премиера: 20-ти март
The Undoing
Ова е трилер во кој ќе имаме можност да ги видиме Никол Кидман и Хју Грант.
Серијата раскажува за терапевтот од Њујорк, Грејс Фрејзер, која има совршен живот, сè до мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг.
Премиера: Мај
https://www.youtube.com/watch?v=X4On_4gnKy0
Спирова С. | Црнобело