10 „лоши“ потценети филмови кои се всушност одлични и мора да ги изгледате барем еднаш
Критичарите се строги кога станува збор за филмската уметност, но сепак нивниот збор не е последен во пресудата. Публиката е онаа која го прави филмот популарен и секако – заработката од прикажувањата.
Многу од филмовите кои се сосема солидни се ставени на „црната листа“ етикетирани како плитки, здодевни, предвидливи… ова се нашите 10 предлози на т.н. „лоши“, но потценети филмови кои сепак публиката ги обожава, а вреди да ги изгледате барем еднаш:
Neighbors (2014)
Тивкиот живот на Мек и Кели во предградието е нарушен од групата студенти кои се доселуваат веднаш до нив. Тие постојано приредуваат забави и одбиваат да ја намалат бучавата без оглед на молбите од страна на парот до нив.
Big Fat Liar (2002)
Џејсон има огромен талент. Талент за лажење. Тој пишува одлична приказна која паѓа во рацете на познат холивудски продуцент. Кога продуцентот ќе направи успешен филм според сценариото на Џејсон, никој не му верува на младото момче дека тој е авторот на приказната.
Bridesmaids (2011)
Ени, професионален готвач која останува без работа, треба да ѝ биде старосватица на Лилијан. Но, работите се заплеткуваат кога Хелен, гламурозна и богата жена од друштвото се заканува да ѝ го земе местото на Ени.
A Long Way Down (2014)
За време на новогодишната ноќ, четворица странци се среќаваат на покривот на висок облакодер, познат како местото на самоубијците. Сите доаѓаат со истата намера – да се самоубијат. Но, како што се запознаваат решаваат да ги одложат своите планови за неколку недели и да се обидат да најдат причина за живот.
Divergent (2014)
Трис живее во футуристички свет поделен во 5 фракции. Секој мора да припадне во една од нив, а Трис неочекувано одлучува да се приклучи во фракција која навидум не ѝ одговара на нејзината личност.