„Мали жени“ и уште 9 нови филмови кои вреди да ги изгледате овој јануари
Никогаш толку ѕвезди на едно место. Новата адаптација на романот „Мали жени“ од Луиза Меј Алкот ги носи Серша Ронан, Ема Вотсон, Тимоти Шаламе, Лора Дерн и Мерил Стрип во главните улоги.
Грета Гервиг се потпишува како режисер на ова неверојатно филмско остварување кое мора да го погледнете доколку сте обожавател на адаптацијата од 1994 година.
Кои други одлични филмови треба да ги изгледате овој јануари?
Little Women
Новата адаптација на познатото дело на Луиза Меј Алкот ги следи животот на жените во семејството Марч: Џо, Мег, Бет и Ејми, заедно со нивната мајка Марми. Животот на девојките се менува откако ќе го запознаат младиот, богат и шармантен наследник Теодор Лоренс.
Terminator: Dark Fate
Во Мексико Сити, новомодификуваниот терминатор-моделот Rev-9 пристигнува од иднината за да ја убие младата Дени Рамос. Но, навреме е испратена и Грејс, хибриден киборг која мора да ја заштити Рамос од навидум неуништливиот роботски убиец.
Bombshell
Работен според вистинска приказна, група на жени вработени во ТВ гигантот Фокс одлучуваат да го кренат својот глас против нивниот работодавач Роџер Ејлс поради сексуално злоупотребување и мобинг на работното место.
The Lighthouse
Двајца чувари на светилник се обидуваат да ја одржат својата смиреност и здравиот разум додека живеат на оддалечен и мистериозен остров во Нова Англија во текот на 1890-тите.
Downton Abbey
Семејството Кроули и нивниот персонал се подготвуваат за најзначајниот момент во нивните животи – посетата на кралот и кралицата на Англија во нивниот дом.