Омилените романтични комедии со кои може да се опуштите за време на празниците

Сите се „презаситивме“ со новогодишни и празнично-еуфорични филмови, па оние кои сакаат да одвојат време за лесни филмови, може да се потсетат на некоја од омилените романтични комедии и да се опуштат. 

predlog-labavi-romanticni-komedii-za-vreme-na-praznicite+01.jpg

Романтичните комедии се секогаш добра идеја, без разлика во какво расположение сме.

Ние издвоивме 6 предлози за романтични комедии кои ќе ве опуштат, а истите можете да ги гледате сами, во друштво со пријатели или пак за време на фамилијарна собиранка.

Слободно дополнете ја листата - кој ви е омилен?

How To Lose A Guy In 10 Days

Бенџамин е во облог со неговите пријатели од работа да задржи некоја девојка 10 дена и да ја натера да се вљуби во него. Од друга страна пак Енди има задача од нејзината шефица да напише статија „Како да загубиш дечко за 10 дена“, или пак ќе ја загуби работата.

За добро да се покаже, Енди е во потрага по маж на кој ќе може да го направи овој чуден експеримент. Кога Енди и Бенџамин ќе се запознаат ќе почнат и двајцата да работат на нивните планови.

Bridesmaids

Ени е сингл девојка, чиј живот е во хаос, но кога ќе дознае дека нејзината најдобра пријателка Лилиан ќе прави свадба, таа нема друг избор освен да биде старосватица.

Ени тогаш почнува многу сериозно да ја сфаќа таа работа и заедно со Лилиан и другите старосватици влегува во кавги затоа што сака сè да биде по обичаите и решена е да ги направи сите работи да изгледаат совршено.

Notting Hill

Вилијам е обичен човек од Лондон, сопственик на книжарница, чиј живот ќе доживее тотален пресврт кога во неговата книжара ќе дојде познатата американска актерка Ана Скот.

Случајно истурениот сок од портокал врз Ана доведува до уште послучаен бакнеж помеѓу овие двајца странци. Како што ќе поминува времето, обичниот продавач од книжара и големата ѕвезда само повеќе ќе се зближуваат, но ќе имаат голем проблем да направат баланс помеѓу нивните два поларно различни животи.

Miss Congeniality

Кога локален терорист ќе се закани на ФБИ дека ќе ја бомбардира салата во која секоја година се одржува добро познатиот натпревар за убавина, ФБИ веднаш презема мерки и бара женски агент соодветен кој би можел да се преправи и да учествува на истиот натпревар со цел да се спречи бомбардирањето.

Грејси е единствениот женски агент кој може да сноси толкава одговорност, но таа ќе треба да доживее комплетна трансформација, затоа што е спортски тип и не знае како да се однесува женствено.

Maid In Manhattan

Приказна за самохраната мајка Мариса, која работи како собарка во еден луксузен хотел во Њујорк со цел да го израсне и да ги задоволи потребите на својот син.

Со пресврт приреден од судбината Мариса се запознава со Кристофер Маршал кој се смета за едно од најголемите политички имиња во приказната.

Мариса претставена со лажен идентитет пред Кристофер полека влегува во романса со него. Што ќе се случи кога тој ќе ја дознае вистината за неа?

Pretty Woman

Некој вид на модерна приказна за Пепелашка, за една проститутка и богат бизнисмен кои ќе се заљубат еден во друг. Едвард ја плаќа Вивиен, таа да помине цела недела со него додека тој работи и оди на деловни состаноци во Лос Анџелес.

Како поминува неделата, несвесно и двајцата се вљубуваат еден во друг и откриваат дека се сродни души иако доаѓаат од два различни света.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg