Актери кои не се срамат да се разголат за експлицитни сцени во филмовите
Филмовите што се забранети за малолетната публика и секс сцените секогаш привлекуваат внимание. Но, понекогаш може да биде тешко да се натера некој актер да се соблече пред камера.
Сепак, ова не важи за сите и постојат неколку актери и актерки кои не се срамат од експлицитните филмски сцени.
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон има снимено доста експлицитни сцени, и тоа уште во првите филмови во кои се појавила.
„Не мислам дека секс сцените се нешто лошо. Го читам сценариото, ако сцената е потребна за дејството, ќе ја одглумам“, вели актерката.
Мајкл Фасбендер
Во 2011-та година, актерот глумеше во филмот Shame во кој мораше целосно да се соблече. Тој дури дозволил да го снимаат од секој агол.
„Имам пенис, како половина од публиката. А голем дел од другата половина знае што е тоа.“
Ен Хатавеј
Во комедијата Love and Other Drugs, Ен се појави гола. Според неа, постојат луѓе кои без проблем се соблекуваат, но им е страв да изгледаат ранливо.
Неа, пак, ѝ било важно покрај голотијата, да ја задржи интимноста на моментот.
Анџелина Џоли
Анџелина се има соблечено во многу филмови. Дури и откако направи двојна мастектомија, актерката се појави гола, во када со вода.