Најдобрите филмови од 2019 инспирирани од вистински настани
Дали сте од оние кои обожаваат филмови базирани на вистински настани? Доколку припаѓате во оваа група, мора да одвоите слободно време и да погледнете неколку (или сите) од нашите предлози.
Иако до крајот на годината нè очекуваат уште неколку вакви одлични филмови како Ford v. Ferrari, Bombshell и A Beautiful Day in the Neighborhood кои секако ќе ги вклучиме во некој иден список, засега ова е вашата домашна, филмска задача:
Saint Judy
Приказната за Џуди Вудс, адвокатка за имиграција и како ја иницирала промената на законот за азил во САД со цел да спаси што повеќе женски животи.
https://www.youtube.com/watch?v=Fx-wSin6Dm0
The Kid
Во 1879 година, Рио и неговата сестра тинејџерка се во бегство низ југозападниот дел од Америка, со цел да избегаат од нивниот насилен чичко. По патот, Рио се сретнува со озлогласениот Били Кид и легендарниот адвокат Пат Гарет.
The Dirt
Несогласувањата помеѓу членовите на бендот Mötley Crüe кои од холивудските улици достигнуваат неверојатна меѓународна слава во текот на ’80-тите години.
Hotel Mumbai
Серија координирани, терористички напади се случуваат во срцето на Мумбаи низ целиот град. Во центарот на нападите, еден готвач заедно со работник во кујната решаваат да си ги ризикуваат животите и да ги заштитат исплашените гости.
Dolemite Is My Name
Еди Марфи блеска во улогата на комичарот, раперот, актерот и продуцентот Руди Реј Мур, кој го создава култниот филмски лик Долемајт во текот на ’70-тите.