Halloween маска инспирирана од хит серијата „Stranger things“
Ретки се оние кои останале рамнодушни и не поминале часови и часови пред малите екрани гледајќи една од најпознатите серии на Netflix „Stranger things“.
Приказна за еден мал град кој во себе крие чудна мистерија, исчезнување на младото момче Вил и сите тајни експерименти, застрашувачки и натприродни сили по повод неговото пронаоѓање придонесоа за тоа околу оваа серија да се крене огромна прашина.
Главната улога ја носи младата и несопирлива Елевен која побегнува од Националната лабораторија Хокинс каде што врз неа се вршат разни експерименти поради нејзините наследни психокинетички способности и е целосно лишена од социјализација.
Серијата „Stranger things“ се состои од три сезони кои иако меѓусебно се надоврзуваат, секоја од нив тежнее кон нова приказна и воедно нова авантура низ која поминуваат главните ликови.
Низ сите три сезони се среќаваме со различни ликови чија улога носи своја тежина, но главното внимание е сконцентрирано на младите умни глави: Елевен, Мајк, Вил, Лукас, Дастин и Макс која ќе им се приклучи во втората сезона.
Заштитниците на овие умни, а често и луди глави се началникот Хопер, кој нешто подоцна ќе стане старател на Елевен и храбрата Џојс, мајката на Вил која е спремна на сѐ за да го врати својот син.
Оваа извонредна, мистериозна серија се најде рангирана како втора најгледана серија на „Netflix“, додека пак во врска со третата сезона се огласиле најмалку 26,3 милиони Американци од најразлична возраст кои велат дека за време на викендите наоѓаат време за да изгледаат дури и по неколку епизоди една по друга.
Четвртата сезона на „Stranger things“ e веќе најавена од страна на продуцентот Шон Леви и се очекува да почне да се емитува кон крајот на 2020 година.
Со оглед на тоа дека се наближува ,,Ноќта на вештерките” односно Halloween, во продолжение споделуваме одлични маски инспирирани од истоимената серија.