10 одлични серии од кои одвај ќе се соземете
За ваквите филмски остварувања велиме дека нè оставаат „распаметени“ и откако сме завршиле со гледањето уште долго размислуваме за нив и ги анализираме.
Постојат навистина премногу добри ТВ серии и тешко е да се одвојат само 10 кои навистина ќе ви го одземат здивот и кои одвај ќе се соземете.
Изборот „падна“ на неколку тековни, но и постари, завршени серии кои се достојни за вашето внимание.
Имајте претстоен филмски период за паметење:
Legion (2017 - )
Дејвид е млад човек кој има дијагноза – шизофренија. Но, по еден чуден настан тој открива дека поседува специјални, натприродни моќи кои засекогаш ќе го сменат текот на неговиот живот.
Fringe (2008 – 2013)
Во центарот на случувањата е специјалниот агент Оливија Данам, кој со помош на ексцентричен доктор-научник и неговиот син ги истражува необичните случки и злосторства кои го обвиваат светот во кој живееме.
Twin Peaks: The Return (2017)
25 години по трагичниот настан и убиството на Лора Палмер, приказната се развива во неколку насоки во најголем дел поврзани со ФБИ детективот Дејл Купер и неговиот обид да го расветли случајот.
The Night Of (2016)
Во оваа мини ТВ драма, младиот Назир „Наз“ Каан го краде автомобилот од неговиот татко со цел малку да се забавува. Она што започнува како одлична вечер со прекрасна девојка, завршува трагично–таа е брутално убиена, а Наз е обвинет, иако не се сеќава на ништо од злосторството.
Black Mirror (2011 - )
Остроумна, сатирична, брилијантна футуристичка драма, чии епизоди не се поврзани и може да се гледаат засебно, во секоја епизода на Black Mirror ќе пронајдете филозофија, тема за анализа и поука.