Колку се слични актерите од серијата Чернобил на вистинските ликови? (фото)
Пронаоѓањето на актерите кои ќе учествуваат во снимањето на мини серијалот на HBO, Чернобил, не била нималку лесна задача, со оглед на тоа што е снимена базирана врз вистинска, добро позната случка.
Ако се фокусираме на физичкиот изглед, сепак можеме да кажеме дека работата е фантастично одработена.
Да погледнеме неколку споредби на едни од главните ликови во серијата и вистинските личности за време на катастрофата во Чернобил:
Џаред Харис го глуми Валери Легасов, научникот кој беше еден од првите кои реагираа на катастрофата.
Адам Нагаитис го глумеше Василиј Игнатенко, пожарникарот кој прв беше на местото на настанот за да го изгаси пожарот на покривот.
Неговата бремена сопруга Људмила, која ја игра Џеси Бакли, всушност се грижеше за пожарникарите на коишто другите медицински сестри не сакаа да им пристапат.
Нивното бебе почина од цироза и вродена срцева болест четири часа по раѓањето.