Банални работи на кои размислуваме додека гледаме филмови
Во филмовите најчесто се прикажани совршено осмислени сценарија кои најчесто не се воопшто исти како во реалноста.
Па, тоа некогаш ги тера гледачите да размислуваат на некои недостатоци при снимањето, како и на секакви останати банални ситници.
Многумина размислуваат на слични работи додека гледаат одредени сцени од филмовите, а во продолжение следи листа со неколку такви мисли.
Си ги поставувате ли и вие овие прашања?
1. Зошто актерите никогаш не одат во тоалет во кулминацијата на приказната?
2. Штета што уништија толку прекрасни градби и автомобили.
3. Изгледа менструални циклуси не постојат во филмовите, бидејќи нема жена на која плановите ѝ се уништиле заради тоа.
4. Наутро, ликовите имаат време да трчаат, да се избањаат, да појадуваат и да прочитаат неколку весници пред да одат на работа. Извинете, во колку часот се будат?
5. Кога ќе видиме како актери кои се во 30-ите години глумат лик во студентски години, секогаш размислуваме дека режисерите се малку наивни.
6. Секојдневното употребување на фразата „Како си?“ на многумина им е многу чудна во сцените од филмовите, бидејќи во реалноста се користи за личност која се има повредено или нешто слично...
7. „Јас сум полицаец ми треба твоето возило!“ – во овие сцени ви паѓа ли жал за возачите кои можеби имаат полоши проблеми во моментот?
8. Како ликовите секогаш успеваат да поминат низ гејтот на аеродромите во последна минута пред полетување само за да кажат некому дека не сакаат да замине?
9. Како ликовите опуштено се шетаат на шуми, не размислувајќи на сите можни инсекти и животни?
10. Зошто ликовите никогаш не ги заклучуваат вратите, не мијат заби наутро и слично?
11. Зошто актерите во Game of Thrones не носат капи кога се на минусни температури и се целосно опремени надолу?
М. М. | Црнобело