Како изгледаат и што прават актерите од „Брилијантин“ 40 години подоцна? (фото)
Легендарниот мјузикл е мелем за сите сетила дури и да го гледате денес, 40 години по неговото снимање, а актерите што беа дел од него останаа запомнети по овие улоги.
Поминаа 4 децении откако Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон ни прикажаа неверојатна хемија на филмското платно во легендарниот филм „Брилијантин“ (Grease).
На мјузиклот од 1978, кој е добро познат во целиот свет, годинава му се одбележува 40-тата годишнина. Некои од актерите во филмот постигнаа уште поголеми успеси потоа, додека на други „Брилијантин“ им остана најголем успех.
Актерите од филмот „Брилијантин“ некогаш и сега:
Џон Траволта
Крајот на 70-тите му го променија животот на Траволта со легендарните појавувања во филмовите како „Saturday Night Fever“ и „Grease“. Оттогаш тој стана моќен лик во филмската индустрија и зад себе има низа одлични улоги.
Денес има 64 години, во брак е со актерката Кели Престон од 1991 година и имаат 3 деца заедно, од кои за жал едното им почина во 2009 година на 16-годишна возраст.
Оливија Њутн-Џон
Австралиската убавица, која е попозната како пејачка, веќе има добиено 3 Греми награди. Нејзината музичка кариера достигна нови височини по „Брилијантин“. Имаше и други филмски улоги потоа, но ниту една толку успешна како онаа на Сенди од „Брилијантин“.
Оливија денес има 69 години, има 32-годишна ќерка од првиот брак, сега е во втор брак. Во текот на годините се бореше со рак.
Стокард Ченинг
Ченинг беше најстариот член од групата студенти во „Брилијантин“. По легендарниот филм таа оствари одлична филмска кариера, а за една улога доби дури и Еми награда во 2002 година.
Стокард денес има 76 години, 4 брака зад себе, а сега е веќе 20 години во среќна врска.
Диди Кон
Улогата во „Брилијантин“ ѝ е најуспешната досега. Во текот на годините имаше мали споредни улоги.
Диди е во брак од 1982 година и е мајка на еден син, на кој му беше дијагностициран аутизам на 2-годишна возраст.
Џеф Конавеј
По „Брилијантин“ тој оствари огромна слава и доби одлични филмски улоги, но поради злоупотребата на супстанции заврши на рехабилитација.
За жал, почина во 2011 година на 60-годишна возраст поради пневмонија и проблеми со дрогата.
Бери Прл
Тој се појави во низа серии и филмови во текот на годините, но никогаш повторно не го постигна успехот од „Брилијантин“.
Бери стана професор по глума.
С. С. | Црнобело