Три нови одлични српски серии кои ќе ви го освојат вниманието
Се чини дека нашите северни соседи имаат полни раце работа кога станува збор за домашната кинематографија. Се вложува многу, но резултатите се и повеќе од очигледни.
Последниве неколку години многу филмови и ТВ серии го привлекоа вниманието на публиката со многу добри причини за гледање.
Дали сте гледале некоја од следниве популарни ТВ серии на српски јазик? Доколку одговорот е НЕ, предлагаме да ја поправите грешката што е можно побрзо:
Ubice mog oca
Дејствието се случува во денешно, модерно време. Инспекторот Александар Јаковлевиќ добива случај за решавање. Убиена е млада девојка, ќерка на познат моќен бизнисмен.
Случајот наскоро се заплеткува со поголеми моќници и води до самиот државен врв.
Во главните улоги се: Вук Костиќ, Тихомир Станиќ, Катарина Радивојевиќ, Нина Јанковиќ, Небојша Глоговац.
Meso
Поранешниот фудбалер Мирко се враќа во својот роден град и започнува сомнителен бизнис со стариот другар Славко.
Жестока, современа и храбра драмска серија, која без влакна на јазикот јасно го отсликува транзицискиот период во една мала средина.
Во главните улоги се: Игор Ѓорѓевиќ, Никола Пејаковиќ.
Senke nad Balkanom
Најдоброто сепак за крај, серијата која ги собра сите пофалби со многу висок рејтинг на гледаност според сценариото и режијата на Драган Бјелогрлиќ кој воедно ја толкува и една од главните улоги.
Историската крими-драма е сместена во доцните ’30-ти години на минатиот век, а сплетките, заговорите, криминалот, политиката и интересите одат заедно во пакетот наречен Балкан.
Во главните улоги се: Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Милош Тимотијевиќ, а се појавуваат и дел од нашите македонски актери Тони Михајловски, Петре Арсовски, Јана Стојановска, Петар Мирчевски, Дениз Абдула.
(О)Милена | Црнобело