Четирите најгледани женски серии
Иако не постои строга поделба на сериите на машки и на женски, некои од нив сами по себе привлекуваат одредена публика.
Така, овие четири серии имаат поголем процент на женски гледачи, кои од нив научиле некои мали лекции кои ги применуваат и во животот.
Доброто е што никогаш не стануваат здодевни, а доколку не сте ги гледале досега, обидете се да се опуштите со нив следниот пат кога ќе имате повеќе слободно време.
Сексот и градот
Хит серија за која без двоумење може да се каже и дека е култна. Се прикажуваше шест години, а снимени се и два филма.
Дури и по многу години од првото емитување (20, да бидеме попрецизни), животот на Кери, Миранда, Шарлот и Саманта уште привлекува многу гледачи.
Очајни домаќинки
Интригантна и авантуристичка, оваа серија ги следи животите на четири пријателки, кои живеат на Вистерија Лејн, населба во Америка.
По самоубиството на нивната пријателка, во населбата се отвора вистинска Пандорина кутија и тајните се откриваат една по една.
Грдата Бети
Една од најомилените приказни за скромна, несмасна и непривлечна девојка, која и покрај сите пречки кои се обидува да ги надмине успева да зачекори по патот на успехот и љубовта.
Серијата беше прикажувана цели четири години, а истата доживеа и повеќе верзии, наменети за различни пазари.
Вовед во анатомија
И по 14 сезони, оваа серија ја задржува неверојатната популарност. Животните драми на лекарите и стажантите во клиниката во Сиетл и нивните меѓусебни интриги донесоа многу гледачи кои верно ја следат.
Серијата е добитник на Златен Глобус за најдобра серија и уште неколку значајни ТВ награди.
С. У. | Црнобело