8 нелогични работи во серијалот „Хари Потер“
Неколку нешта што не би требало да ги има во „Хари Потер“, а сепак ги има.
Светот на волшебниците на Џ.К. Роулинг е место каде освен што постои вечна борба меѓу мрачните и добрите волшебници, сè останато е лесно достапно само со неколу мавтања на магичното стапче.
Сепак, некои нешта постојат во приказната, а на никој не му е јасно зошто:
Очила
Обичните луѓе имаат ласерски операции, а волшебниците сме виделе дека можат да исцелат и скршени коски за неколку минути.
Зошто тогаш не можат и да си го средат видот само со стапчето и 2-3 магични збора?
Возови
Возот кон Хогвортс тргна од перонот 9 и 3/4, но уште на самиот почеток сфативме дека волшебниците користат и порти, како што се телефонски говорници или огништа, преку кои патуваат од точка А до точка Б за многу пократко време отколку што се патува со воз.
Лажици
Во повеќе сцени видовме како ликовите мешаат нешто со лажичка, па логично е и прашањето, зошто воопшто има метални и дрвени лажици, кога постои магијата?
Пошта и писма
Во светот на Хари Потер постојат толку многу начини на комуникација што се пософистицирани од праќање писма.
Доколку на ова се додаде и дека всушност писмата се праќаат со помош на бувови, тогаш навистина се поставува прашањето каде е магијата во сето тоа?
Чувари, хигиеничари и домари
Нели и најобезбедените банкарски сефови се чуваа со магија? Чистењето е лесно како две замавнувања со волшебното стапче?
Па, што бараше тогаш господинот Филч во Хогвортс?
Пердуви и мастило
Она што е сигурно е дека оние кои го измислиле и што успеале да го спроведат на дело патувањето низ времето, сигурно се доволно паметни да измислат и метод на пишување што не вклучува пердув и мастило.
Сиромаштија
Рон и неговото семејство се сиромашни и во светот на магијата тоа нема логика. Економската нееднаквост не ни смее да постои во овој свет.
Доколку професорката Мекгонагал може да се претвори себеси во мачка, тогаш можеше Рон и целото семејство Визли да ги направи економски постабилни.
Религија
Во текот на серијалот се појавија ученици во Хогвортс кои се припадници на различни религии, како што се хиндуизмот и христијанството.
Зошто воопшто волшебници би биле припадници на која било реална религија, кога можат да измислат своја?
С. У. | Црнобело