Зошто жените се опседнати со трилогијата „50 Shades of Grey“?
Многу страст, возбуда и адреналин, плус сексапилен маж и реализирање на соништата, звучи примамливо, зарем не?
На почетокот од 2018 година беше пуштен новиот трејлер за трилогијата „Fifty Shades Of Grey“.
Нови тајни, секс сцени и кавги ќе осамнат во „Fifty Shades Freed“, а жените едвај чекаат да го погледнат третиот дел од познатата трилогија.
Кој е трикот? Зошто толку жени го обожаваат овој филм?
Топ 6 причини за „опседнатоста“ со „50 Shades of Grey“:
Сексапилниот господин Греј
Ммм, прекрасниот господин Греј. Ниту еден маж не може да се спореди со него. Тој е совршен во сè.
Изгледа одлично и е вистински шармер. Плус, дозата на мистерија си го прави своето.
Прво искуство
Анастасија Стил никогаш не била вљубена пред Кристијан Греј да се појави во нејзиниот живот. Со него искусува многу работи за првпат.
Жените опиени од страст ги гледаат овие ситуации и се сеќаваат на своите први искуства од ваков тип во животот.
Сексуална тензија
Жените ја обожаваат сексуалната тензија што се провлекува низ сите делови на овој филм.
Тие сакаат добра предигра пред акцијата, а тоа во „50 Shades of Grey“ го има во изобилие.
Страстна љубов
Анастасија и Кристијан се сакаат на многу возбудлив начин.
Тие се грижат еден за друг многу, но сепак сè им се врти околу дивиот секс.
Преземање на контролата
Врзувањето на Анастасија и доминацијата на Греј ги возбудува жените затоа што тие сакаат понекогаш комплетно да се опуштат и да им дозволат на мажите да ја преземат контролата.
Анастасија изгледа како „реална“ жена
Режисерот направил одлична работа во овој филм затоа што главниот женски лик, односно Анастасија, не е некоја типична барбика.
Таа изгледа како нормална девојка со која може да се поистоветат многу жени.
С. С. | Црнобело