Раскошна венчавка, нов дом и бременост: Нов жежок трејлер за „Fifty Shades Freed“ (видео)
Заплеткани приказни, секс сцени и луксуз на сите страни во најновиот дел на трилогијата „Fifty Shades Of Grey“.
Новата година започна со новиот трејлер за трилогијата „Fifty Shades Of Grey“. Тој излезе токму на 1-ви јануари.
Дакота Џонсон во улогата на Анастасија Стил ќе се омажи за Кристијан Греј, кој го глуми актерот Џејми Дорнан. Нови тајни, секс сцени и кавги ќе осамнат во „Fifty Shades Freed“.
Анастасија во овој дел ќе ја видиме во венчаница, но и како се соочува со веста дека е бремена.
Вљубениот брачен пар ќе започне да живее на еден луксузен имот, кој Кристијан го купил за нив, а животниот стил ќе им биде исполнет со приватни авиони и луксузни одмори.
Но, главоболките на Анастасија не сопираат, па таа се соочува со една сексапилна архитектка која флертува со нејзиниот Кристијан.
Погледнете го трејлерот:
Првиот филм „Fifty Shades Of Grey“ во 2015 година заработи вртоглави 500 милиони долари, вториот дел „Fifty Shades Darker“ во 2017 заработи 380 милиони, а третиот дел „Fifty Shades Freed“ ќе биде промовиран на 8-ми февруари.
Што ќе донесе третиот дел?
С. С. | Црнобело