Бракот е крајната цел, убавите луѓе се слаби: 4 причини зошто бајките не се добри за вашите деца

Што имаат Снежана, Пепелашка и Заспаната убавица заедничко? Куп стереотипи!

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-01.jpg

Постојат приказни за пред спиење кои им се раскажуваат години наназад на децата. Тие се инспирација за филмски адаптации, кои потоа прават лудило на бокс офисот.

Колку и да ги обожаваме приказните за „Снежана“, „Пепелашка“, „Убавицата и ѕверот“ сепак не можеме, а да не забележиме дека во нив има чудни идеологии, застарени гледања на работите и поделби на улогите.

Авторот на книгата „Fairytales and Feminism“ и универзитетски професор, Доналд Хаас, ги поттикнува родителите кога ќе ги пренесуваат овие приказни на своите деца, да го прават тоа со доза на скептицизам поради архаизмите во нив.

„Родителите треба да ги раскажуваат или читаат класичните бајки на децата со намерно посочување и отворање на прашањата околу стереотипите во нив“, вели тој.

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-04.jpg

Кои се стереотипите на кои треба да внимаваат родителите?

Жените се пасивни суштества кои треба да бидат спасени од мажите

Што имаат Снежана, Пепелашка и Заспаната убавица заедничко?

Покрај порцеланската кожа и неверојатно сјајната коса, секој од главните женски ликови во бајките чека да биде спасен од својата животна мизерија или вечен сон од шармантниот принц.

Овој лик често е концентриран на потрагата по „вистинската љубов“, па ова става доза на стрес врз рамениците на жените во реалниот свет, затоа што се наведени да мислат дека треба да ја преземат оваа улога во животот.

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-02.jpeg

Бракот е крајната цел

Во време кога бракот се одложува за што подоцна, а некои луѓе избираат никогаш и да не стапат во брак, навистина е чудна идејата што ја промовираат бајките „ајде да се земеме и да живееме среќно до крајот на животот“.

За жал, ова е секогаш во фокусот на бајките и нивната кулминација е огромната свадбена прослава на крајот. Вечниот романтичен сојуз го имаме на пиедесталот, дури и во модерните анимирани филмови од типот на Шрек.

Ова не само што го посочува бракот како крајна цел за двата пола, туку фрла комплетна сенка на потребата од професионална, финансиска и социјална реализација на личноста, па така изгледа дека личност што не е во брак, без разлика на останатите постигнувања, е неуспешна личност за која во општеството нема место.

„Љубовта се гледа како концепт кој се случува кога ќе пронајдеш некој за да се омажиш/ожениш, а не како еволуирачки филозофски концепт“, вели Доналд.

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-06.jpg

Недостаток на расна/физичка/сексуална разновидност

Познато е дека сите Дизни принцези се убави и слаби и најчесто бели, со исклучок на Мулан, Покахонтас и принцезата Џасмин.

Подеднакво проблематични се поставените нереални стандарди за телото. Погледнете ги само Бела и Ариел.

На дете, кое се соочува со овие бајки за првпат, толку рестриктивните естетски стандарди може да му влијаат навистина негативно и идејата за убавина и среќа да му ја направат синоним со тоа да се биде слаб.

Ретко кога се вклучуваат плус сајз ликови во бајките, а кога ги има тие се во споредни улоги.

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-05.jpg

Женските ликови секогаш се жртвуваат за домот

Уште една заедничка карактеристика на Снежана, Пепелашка и Заспаната убавица е поврзаноста за домот. Тие постојано се жртви во име на саканите.

Бела мора да го спаси својот сиромашен татко од ѕверот, Пепелашка е присилена на триење на куќниот под, а Снежана мора да се грижи за 7-те џуџиња.

Плус, едновремено се справуваат со злобни маќеи, сестри, вештерки и никаде немаме концепт на сестринство и концепт каде семејството е поддршка за да успееме.

brakot-e-krajnata-cel-slabite-lugje-se-ubavi-lugje-4-prichini-zoshto-bajkite-ner-se-dobri-za-vashite-deca-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg