Дефиниција за маж со стил: Најдобрите модни моменти во филмовите на Рајан Гослинг

Познатиот холивудски фраер отсекогаш знаел како добро да се облече. Дури и кога носи обични тексас јакни или навидум старомодни палта во кафеава боја, тој пак умее вешто да ги вклопи со остатокот од гардеробата, па и тогаш одлично да изгледа.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-1.jpg

А, покрај личниот вкус на Рајан Гослинг, стилот на неговите филмски ликови е исто така мошне интересен за модните сладокусци.

Изминатиот период, на големо се слушаат пофалби за кожниот капут што тој го носи во новиот хит филм „Blade Runner 2049“, а веројатно уште долго ќе се зборува за него.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-2.jpg

Но, со ретроспектива на филмовите каде популарниот Гослинг толкува некоја од улогите, ќе забележите дека повеќето изданија на згодниот актер, воопшто не заостануваат од неговото последно појавување на големото платно.

Ви претставуваме седум примери во кои костимографите го направија вистинскиот моден избор за Рајан Гослинг:

Remember the Titans (2002)

Белите маици се речиси секогаш во мода, но многу поретко во комбинација со раскопчана кошула.

Меѓутоа, имиџот што неговиот лик го има во филмот за американскиот фудбал од 2002 година, беше прилично популарен во текот на летната сезона.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-3.jpg

Crazy, Stupid, Love (2011)

Главната задача му е да помогне на разведен господин подобро да се облекува, но и да го научи како да им приоѓа на жените на вистинскиот начин.

Оттука, нималку не зачудува што Рајан изгледа како „милион долари“ во оваа комедија.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-4.jpg

The Place Beyond the Pines (2012)

За потребите на улогата, мораше да ја офарба својата костенлива коса во светло руса, а телото да му биде исцртано со бројни лажни тетоважи.

Не звучи премногу надежно, но црвената јакна која ја носеше во филмот беше толку добра, што сите останати модни „грешки“ паднаа во сенка.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-5.jpg

The Nice Guys (2016)

Дејството на акционата комедија „The Nice Guys“ се случува во САД, кон крајот од '70-тите години од минатиот век.

Поточно, во ерата кога бакенбардите и мустаците биле неизбежни детали за припадниците на посилниот пол.

Сепак, мора да признаеме дека нему одлично му стои и „трендот“ од тоа доба.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-7.jpg

Drive (2011)

На мал број на мажи би им пошло од рака да облечат свилена бомбер јакна и кратка маица со длабок „V“ израз, а притоа да не изгледаат комично.

Но, очигледно Рајан е еден од нив.

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-6.jpg

The Ides of March (2011)

Во улогата на бескрупулозен менаџер за изборна кампања, изгледот на Рајан одново доживеа „трансформација“.

Овојпат, во лик со строга и сериозна деловна нота, чија гардероба ја сочинуваат бели кошули, сиви капути, кравати и костуми со конзервативен дизајн.

Полн погодок за маж што плови во политичките води, зар не?

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-8.jpg

Blade Runner 2049 (2017)

За крај, го оставивме последното, а според многумина и најдоброто издание во кинематографијата на Гослинг.

Се работи за кожниот капут што тој го носи во најновиот филмски наслов со научно-фантастична тематика.

За дел од критичарите тоа е најубавиот момент, но и единствената причина поради која вреди да го погледнете филмот барем уште еднаш.

Се сложувате ли?

definicija-za-mazh-so-stil-najdobrite-modni-momenti-vo-filmovite-na-rajan-gosling-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg