10 години подоцна: Факти за Gossip Girl кои не сте ги знаеле досега
Можеби не сте свесни, но поминаа 10 години откако бевме опседнати со серијата Gossip Girl во тинејџерските денови.
Првата епизода излезе на 19-ти септември 2007-ма година, а по тој повод, ние собравме неколку факти кои продуцентите и дел од актерите на серијата ги откриле во интервју.
Некои од нив можеби досега сте ги слушнале, но сигурно има нешто што сега првпат ќе го дознаете.
Прочитајте нешто повеќе за вашата омилена серија:
1. Блејк Лајвли сакала да се откаже од глумењето и да се врати на факултет кога ѝ ја понудиле улогата.
Всушност, таа прво ја одбила понудата, но продуцентите успеале да ја натераат да ја прифати улогата.
„Не, јас сакам да одам на факултет, но благодарам на понудата. Потоа тие рекоа: Добро, можеш да одиш на факултет 1 ден во неделата, а по 1 година од серијата, сѐ ќе се стиши и врати во нормала. Кажаа дека не можат да потпишат, но ми ветија дека ќе продолжам со студирање. Затоа прифатив. Секако, по 1 година серијата не се успори. Само стана повеќе и повеќе и повеќе.“
2. Лејтон Мистер ја сакала улогата на Блер толку многу што дури ја исфарбала косата.
„Таа влезе и беше многу забавна, паметна и глумеше ранлива. Но имаше еден проблем – таа беше русокоса. И Блејк беше, но Серена мораше да биде русокоса. Па, Лејтон отиде до мијалникот и ја исфарба нејзината коса. Ја сакаше улогата.“ – кажал продуцентот на серијата, Шварц.
3. Иванка Трамп и нејзиниот сопруг беа гости во епизода од серијата „заради парите“
Ова го изјавил Шварц низ шега и во секој случај звучи смешно.
4. Крафорд и Ед Вествик (Нејт и Чак) навистина биле цимери
За време на снимањето на серијата тие биле цимери во двокреветен апартман.
5. Спротивно од гласините, немало напнатост помеѓу Блејк и Лејтон на снимањата
„Интересно е бидејќи додека снимавме постоеше тоа – Лејтон ја мрази Блејк, Блејк ја мрази Лејтон, сите ја мразат Блејк, сите го мразат Чејс итн. Но, навистина не беше така. Бевме опуштени на снимањата.“ – признава Трахтенберг (Џорџина).
6. Блејк и Пен Бедгли (Ден Хамфри) одлично ја чувале врската во тајност, што дури никој немал поим дека биле разделени со месеци
„Шокирачко беше тоа што дури на финалето на втората сезона дознав дека тие раскинале месеци претходно. Тие го криеја нивното раскинување од екипата и не знам како успеале, но тоа е доказ дека се добри актери и професионални.“ – изјавил продуцентот Сафран.
7. Имало руски хакер на Gossip Girl
„Цела сезона, нашето сценарио завршуваше онлајн и не можевме да сфатиме како, па изнајмивме приватен детектив. Не знаевме што се случува бидејќи сите информации беа пуштени онлајн, секој детаљ. Но, еден тинејџер од Русија или Бугарија хакирал еден е-маил на писателите и ги продавал сценаријата ан eBay. Беше вистински кошмар. Изгледаше како навистина да постои Gossip Girl во нашиот систем.“ – изјавил еден од продуцентите.
М. М. | Црнобело