10 филмови за комплицирани љубовни приказни
6. „Eternal Sunshine of the Spotless Mind”
Кога нивната врска се влошува, овој пар оди да направи процедура во која ќе се избришат еден со друг од нивната меморија. Но, на овој начин тие само ќе сфатат што всушност имале и колку се сакале.
7. „Dangerous Beauty“
Вистински приказна во која една девојка се заљубува во аристократ, меѓутоа нивната љубов никој не ја поддржува и не им е дозволено да останат заедно. Таа поради тоа што е од сиромашно семејство нема друг избор освен да стане куртизана и на тој начин единствено може да ја продолжи аферата со нејзината љубов.
8. „Love and Other Drugs”
Девојка која страда од Паркинсонова болест полека се заљубува во представник на фармацевтски производи. Тие заедно поминуваат низ секојдневна борба да ја одржат љубовта покрај нејзината болест.
9. „Read my lips”
Таа е речиси глува но може да чита од усни. Тој е поранешен осуденик. Таа сака да му помогне, но тој смета дека неможе никој да му помогне. Прекрасен романтичен трилер со извонредна љубовна приказна.
10. „Fur: An Imaginary Portrait of Diane Arbus”
Откако ќе го сврти грбот на нејзиното богато семејство, Дајан Арбус ќе се заљуби во Лионел Свини, енигматичен ментор кој ќе и помогне да стане еден од најдобрите фотографи на дваесетиот век.
А. В. | Црнобело