Носталгија: Враќање на последните сцени од омилените ТВ серии
Секоја интересна ТВ серија со причина трае доволно долго. Како да станува дел од нашиот живот, како целосно да се соживуваме со ликовите...
И тогаш доаѓа крајот.
Кој знае да биде и емоционален.
Се сеќавате кога заврши и последната епизода и кога се збогувавме од пријателите?
10 последни сцени од омилените ТВ серии:
1. „Family Matters“
Во последната сцена, Лора и Стив го споделуваат последниот бакнеж.
2. „Seinfeld“
Во финалето Џери, Илејн, Џорџ и Крејмер се во ќелија, пред да завршат во затвор каде Џери прави краток скеч за затворениците за потоа да бидат ослободени.
3. „The Fresh Prince of Bel-Air“
Во последната епизода, во домот останува само Вил за да се збогува со куќата и со нас, гледачите.
4. „Rugrats“
Томи и останатите се забавуваат како за крај.
5. „Mighty Morphin’ Power Rangers“
Последната епизода завршува тажно, откако негативецот ги претвора рејнџерите во беспомошни деца, но нивните авантури продолжуваат понатаму во нова серија.
6. „Animaniacs“
Оваа приказна е недовршена, во последната сцена триото изгледа како да ќе биде фатено во мрежа.
7. „X-Men“
Во последната епизода сите херои се заедно на едно место со Магнето.
8. „Frasier“
Во финалната епизода Фрејзер е во авион и на една жена ја раскажува својата приказна заради која мислиме дека неговата работа продолжува во Сан Франциско.
9. „Sabrina, the Teenage Witch“
Во последната сцена Сабрина и Харви заминуваат некаде заедно на мотор.
10. „Friends“
Во последната епизода, пријателите заедно заминуваат од станот каде ги гледавме цели 10 сезони.
Н. Г. | Црнобело