10 филмови со Џим Кери кои никогаш нема да ни здосадат
Кој не израснал со култните филмови на Џим Кери, како „Маска“ и „Глупав и поглупав“?
Омилениот глумец на сите генерации, чии комедии и способности за имитирање на различни ликови секогаш ги гледаме со задоволство.
И покрај тоа што неговиот матичен жанр во кој блеска е комедијата, Џим Кери има и повеќе од доволно актерски талент да се снајде и во посериозни улоги, како драмата „Шоуто на Труман“.
Филмот прикажува реално шоу кое го следи животот на главниот актер од моментот на раѓањето. Сите камери се вперени во него без да биде свесен за тоа, сè додека не открие дека неговиот живот е лага, под будното око на гледачите ширум светот.
Доколку сте подготвени за нешто помрачно со Џим Кери, дадете му шанса на филмот „Бројот 23“, напнат психолошки трилер, кој го следи човекот кој ќе се опседне со значењето на бројот 23.
Да се потсетиме на најдобрите филмски остварувања на Џим Кери: