Викенд предлог: 11 брилијантни филмови за големите луѓе и нивните тајни

Исклучителните луѓе отсекогаш биле движечка сила која воведувала промени во стиловите и општеството. Овие исклучителни луѓе се бореле за нивните соништа, направиле сè да ги остварат нивните невозможни планови и го смениле светот.

11-brilijantni-filmovi-za-golemi-lugje-i-nivnite-tajni-01.jpg

Нивните животи наликуваат на небесни комети кои оставаат долга трага зад себе...

Но. сепак сите тие имаат едно нешто заедничко, сите тие се обични луѓе, кои во својот живот се соочиле со своите слабости, стравови и тајни:

1. „Coco avant Chanel“

Сите знаеме која е познатата Коко Шанел, но малкумина знаат зошто младата жена по има Габирел го избрала токму овој псевдоним. Филмот открива многу детали за животот на младата дизајнерка во чии раце материјалите оживуваат и се претвораат во извонредни ремек-дела.

2. „Pollock“

Извонредните слики на Џексон Полок чинат стотици милиони долари. Додека едни се воодушевуваат на неговите дела, други ги сметаат за неверојатно бесмислени. Во филмот е прикажан начинот на кој тој живеел, неговите мисли, чувства и уметнички идеи.

3. „Diana“

Може ли славата да направи некого среќен? Ова е прашањето поставено на Дајана Спенсер, чија улога ќе остане засекогаш запаметена.

Жената која ја сакаа илјадници зад насмевката крие длабока тајна. Филмот е совршен доказ за силата на љубовта покажувајќи дека вистинската љубов не се грижи за социјалниот статус или парите, таа се појавува и ги менува работите засекогаш.

4. „Elvis. The Early Years“

Фантастичниот глас на Елвис Присли бил причина за неговата популарност во светот а неговата шармантна насмевка била причината зошто веднаш станал миленик на женската популација.

Одличната глупа на Џонатан Рајс Мејер ни го претставува животот на славниот музичар во неговите почетоци на кариерата, период за кој за жал постојат малку податоци.

5. „My Week with Marilyn“

Понекогаш поминувањето на една недела со некоја личност може да ви открие многу повеќе за неа отколку читањето на цела нејзина биографија.

Филмот се фокусира на животот на убавата Мерилин Монро за време на снимањето на „The Prince and the Showgirl“ во 1957-та година.

Во текот на снимањето актерката ќе се најде во љубовна врска со асистентот на режисерот, кој на крајот ќе напише цела една книга посветена на моментите поминати со неа.

Уште 6 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
Најсмешните твитови за второто продолжение на Joker: „Сакам да ми ги вратат парите и времето што ги ... Второто продолжение на Joker, кое е мјузикл, се соочува со негативни критики, а ...
Бредли Купер повторно се разочара, Oppenheimer издоминира - Листа на победници на Оскари 2024 Најдобар филм е Oppenheimer на Кристофер Нолан кој воедно доби статуетка за најд...
10 филмови од 2024-та кои се фаворити за Оскар Второто продолжение на Dune се очекува да освои уште повеќе статуетки од првото,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg