Филмови кои секоја жена треба да ги погледне сама, барем еднаш во животот

6. „The Other Boleyn Girl“

Двете убави сестри, Ен и Мари Болејн, се водени од болната амбиција на нивниот татко да се борат за љубовта на кралот Хенри VIII. При посетата на нивното семејство, Хенри се здобива со повреда при лов, а Мери се грижи за него. Набрзо, тој се заљубува во Мери, но Ен не може да се помири со тоа. Подоцна двете сестри ќе се најдат во неговиот кревет, но само една ќе може да ја добие титулата кралица.


7. „Dear John“

Савана и Џон се лудо заљубени еден во друг. Џон набрзо ѝ се придружува на армијата и имаат само еден начин да ги изразат своите чувства – пишувајќи писма, најважниот извор на среќа и надеж во текот на војната. Но, Џон мора да остане подолго од што планирал, а времето и далечината почнуваат да ја тестираат нивната вистинска љубов.


8. „Meet Joe Black“

Филмот е посветен на медиумскиот магнат Вилијам Периш, чиј живот е ненадејно прекинат поради доаѓањето на „смртта“ олицетворение во енигматичен млад човек по име Џо Блек. За да го искуси живото кој обично го одзема, Смртта бара од Периш да биде нејзин водич и учител за животот на Земјата. Но, наскоро Смртта е маѓепсана од човечките емоции и се заљубува во убавата ќерка на Периш, Сузан.


9. „The Girl“

Филмот ја прикажува наводната опсесија на Хичкок со Типи Хедрен, американски модел и актерка. Хичкок е апсолутно воодушевен од нејзиниот изглед и талент. На Хедрен сè повеќе ѝ пречи неговото внимание и одлучува дека треба да ја избегне таквата ситуација. Сепак, таа не може да работи на друго место, заради ексклузивниот договор со Хичкок кој всушност става крај на нејзината холивудска кариера.


10. „How to Lose a Guy in 10 Days“

Енди Андерсон е млада новинарка која работи за женско списание насловено „Смиреност“ и треба да напише статија на темата „Како да изгубите момче за 10 дена“. Статијата треба да биде за работите кои жените ги прават за да ги оддалечат и полудат мажите за само 10 дена.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови за оние кои едвај чекаат да почне есента За љубителите на детективските приказни, овде е A Haunting in Venice, а ако сака...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10-те најгледани серии на Нетфликс за 2024-та досега Историската драма Bridgerton, но и забавната научно-фантастична серија 3 Body Pr...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
10-те најгуглани филмови и серии за 2023-та (кои вреди да се изгледаат) Второто продолжение од Avatar е еден од „најгугланите“ филмови за 2023-та, додек...
10 филмски премиери што не треба да ги пропуштите ова лето Долгоочекуваниот Deadpool & Wolverine, како и третото продолжение на A Quiet...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg