4 причини кои докажуваат дека Алфред Хичкок бил најлудиот филмски режисер

Алфред Хичкок создаде многу култни и влијателни филмови во филмската историја. Тој бил познат по своите неизвесни мистерии и по начинот на кој работел. Зад сцената, Хичкок бил ексцентричен.

4-pricini -koi-dokazuvaat-deka-alfred-hickok-bil-najludiot-filmski-reziser

Ова се 4 причини поради кои Алфред Хичкок бил најлудиот филмски режисер:

Врзување на неговите актери заедно

Хичкок снимањето на филмот „39 чекори " го нарекувал „многу забавно", но се сомневаме дека на тој начин гледале и актерите Роберт Донат и Медлин Керол. Во еден дел од филмот, ликовите кои ги толкувале Донат и Керол требало да бидат заедно заврзани со лисици на рацете. Хичкок мислел дека би било интересно да се преправа дека го изгубил клучот. Тие понекогаш биле оковани еден за друг со часови.


Тестирање на реквизитите на неговите актери

Талентираните млади режисери можеби се прашуваат како легендарниот режисер на хорор филмови успева да ја исплаши публиката. Хичкок знаел дека за тестирање на реквизити е најдобро да се користат самите актери. Ова може да се види во филмот „Психо“. Тој користел вистински актери за телото кое се распаѓа (г-ѓа Бејтс). Тие биле целосно облечени и седеле исправени на столче со саати.


Вистински птици

Филмот „Птици“ е класичен хорор на Хичкок во кој насилни птици опседнуваат еден мал град. Кон крајот на филмот, главниот лик  е нападнат од птиците. Хичкок решил дека за оваа сцена птиците треба да бидат вистински, а не механички. Пет напорни дена птиците ја гребеле по лицето главната актерка. Ова престанало кога лекарите го прекинале снимањето за актерката да може да се излечи.


Неговата сопруга играла главна улога во неговото создавање

Неговата сопруга, Алма, била и негов соработник. Некои дури ја нарекуваат неговата муза. Таа му помогнала да создаде 19 филмови. Таа била дури и одговорна за најпознатата сцена на Хичкок, секвенцата со тушот од филмот „Психо“. Хичкок не сакал да користи музика во оваа сцена, но Алма го убедила својот сопруг да стави музика, другото е историја.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најдобри детективски филмови од 2010-тите (ќе ве натераат да размислувате) Knives Out важи за можеби најдобриот детективски филм од претходната деценија, д...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
10 ситуации кои се невозможни во реалност, а во филмовите редовно се случуваат Освен тоа што никој не мие заби кога ќе стане и не заклучува дома, има уште неко...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg