По 20 години, Кејт Винслет конечно призна факт за Титаник кој одамна го знаевме
Трагичниот момент кога Џек и Роуз се раздвоија засекогаш, со години беше тема на дискусии дали сепак крајот можеше да биде поинаков.
Веќе одамна познатиот факт дека Роуз можеше да му го спаси животот на Џек во Титаник, но наместо тоа одбра да го остави да замрзне, сега го призна и Кејт Винслет.
Цели 20 години подоцна, Кејт призна дека нејзиниот лик погрешно ја проценил ситуацијата.
„Се согласувам. И јас мислев дека има доволно место на таа малечка врата,“ гласеше изјавата во шоуто на Џими Кимел.
Фановите отидоа чекор понатаму, па дури и направија неколку сликовити варијации како Џек и Роуз можеа да легнат на вратата и да „живеат среќно до крајот на животот“.
М. Д. | Црнобело