Документарни филмови кои ќе го променат начинот на кој гледате на животот

6. Journey to the Edge of the Universe

Ова е филмот кој нè носи назад во минатото во периодот на создавање на универзумот  ни дава шанса да погледнеме малку подалеку од облаците космичка прашина и да видиме каде ѕвездите се родиле. Овие огромни тела го осветлуваат светот и можеби му даваат нова форма на живот...


7. ¡Vivan las Antipodas!

Режисерот Виктор Косаковси, добитник на повеќе награди за документарни филмови, ја посетува Аргентина. Стоејќи на мост и гледајќи во реката се запрашува: „Кој е најкраткиот пат меѓу Ентре Риос во Аргентина и кинеската метропола Шангај?“ Одговорот е едноставен: права линија низ центарот на Земјата, бидејќи двете места се антиподи: тие се лоцирани на сосема спротивни точки на површината на Земјата. Што се случува таму, на другата страна? Што нè чека во таа точка од планетата? Идејата е дека антиподите се на некој чуден начин поврзани и обединети токму поради нивната спротивност.


8. CM101MMXI Fundamentals

Извонредна изведба од турскиот стенд-ап комичар Џем Илмаз. Тој зборува за мали смешни детали од секојдневниот живот, едноставни работи кои измамуваат насмевка на лицата на луѓето. Илмаз ја освојува публиката со своите смешни приказни за врските, борбата на луѓето со технологијата и професионалниот живот. Тој покажува дека и доставата на храна и погребот може да бидат подеднакво забавни доколку се погледнат од една поинаква перспектива.


9. The Human Experiment

Илјадници луѓе, илјадници научници и само една цел. Емоции, зборови и перцепција. Колку може еден единствен збор да влијае врз потсвеста на една личност? Каква улога има една единствена мисла во нашиот живот? Дали зборовите имаат своја специфична енергија? Филмот има за цел да ни помогне во сфаќањето на голем број работи за самите себе.   


10. Life In A Day

 Еден ден, 192 нации и следните три прашања: „Што е она кое го сакате?“, „Од што се плашите?“ и „Што имате во џебот?“. Тоа се главните состојки на првиот филм во кој случајните минувачи се главните актери. Илјадници луѓе низ светот ги снимија нивните животи, отворајќи ги своите срца, откривајќи ги своите соништа и на крајот своите џебови пред светот. А светот всушност сме сите ние. Ќе бидете изненадени колку сите ние сме слични. 

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...
„Стела и Сани“, „Светот на Биби“: Листа со емисии, песни, серии на македонски јазик за вашите деца Сакате ли вашето дете да слуша песнички и емисии на македонски јазик? Ако е така...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 серии на Нетфликс снимени според (морничави) вистински настани Мистериозни убиства, измами, но и реален приказ на животот на војниците за време...
10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се...
Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg