10 филмови со најсекси сцени на сите времиња
Дождливо неделно попладне, вистинско време да се соберете со другарките и да изгледате неколку романтични филмови опркужени со слатки задоволства и чаша добро вино.
1. Crazy Stupid Love
Има само еден човек покрај Патрик Свејзи кој може сцената од Валкан Танц (Dirty Dancing) да ја направи најромантична - разголениот Рајан Гослинг. Слатка романтична комедија со добри луѓе. Замислете, никој никому не посакува лошо и целиот филм е базиран околу љубовта и бракот.
2. Pretty Woman
Кој не би сакал романтични ноќи на пијано во хотел со 5 ѕведзички со Ричард Гир? Покрај начинот на запознавање на двајцата главни ликови, ова е доста искрен и невин филм во кој се прикажува љубовната романса.
3. Savages
Сакате љубовни сцени од кои ќе ви падне влицата? Блејк Лајвли и Тим Ригинс во Дивјаци, тоа кажува се! Овој филм е битка помеѓу доброто и злото ако може така да се каже, само што сите во филмот се лоши, некои помалку од другите и имаат свои добри страни...
4. The Notebook
Романтични сцени со Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс! Од бакнување на дожд до големи караници! Љубовна приказна за пар во две времиња од нивниот живот. Млада романса која во подоцните години од животот избледува заради болест.
5. Top Gun
Кога се споменува Том Круз тој вистински го одзема здивот! Фактот што луѓето го спеменуваат и по 30 години од неговото прво прикажување кажува многу за него.
Уште 5 предлози на следната страна...