Денес е денот кога Марти Мекфлај се враќа во иднината: Што погодија во филмот?

Во вториот дел од филмот „Враќање во иднината“ Марти Мекфлај и Докторот, од 1985-та година пристигнуваат во иднината, поточно токму на денешниов датум 21 октомври 2015 година.

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-koi-od-futuristickite-predviduvanja-se-tocni-01.jpg

Во филмот можеме да сретнеме бројни футуристички претстави за тоа како изгледа животот во 2015-та година - летечки даски за возење, врвки кои сами се врзуваат, дронови кои шетаат кучиња, летечки автомобили и чудни метални шлемови.

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-koi-od-futuristickite-predviduvanja-se-tocni-1.jpg

Но, колку од овие предвидувања кои се направени во класичниот научно фантастичен филм се точни?

Точни предвидувања:

1. 3D филмови

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-shto-pogodija-vo-filmot-6.jpg

2. Комуникација со видео повици

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-shto-pogodija-vo-filmot-7.jpg

3. Брзи оброци од микробранова печка

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-shto-pogodija-vo-filmot-8.jpg


Погрешни предвидувања:

1. Летечки даски за возење

Една од култните сцени во филмот е кога Марти пристигнува во иднината и краде летечка даска од девојка за да избега од неговиот непријател.

По оваа сцена бројни компании и иноватори тврдат дека дизајнирале таков тип на даски за возење.

Меѓу нив е и Грег Хендерсон кој дизајнирал слична даска именувана како „Hendo Hoverboard“ која емитира магнетни полиња кои меѓусебно се одбиваат, но за да функционира даската мора да постои магнет на површината на земјата.

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-koi-od-futuristickite-predviduvanja-se-tocni-2.jpg


2.
Летечки автомобили

За жал, денес сè уште употребуваме автомобили на тркала.

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-koi-od-futuristickite-predviduvanja-se-tocni-3.jpg


3.
Врвки кои самите се врзуваат

Минатата година ваквите врвки на еден начин станаа реалност, но се далеку од оригиналната замисла во филмот.

Компанијата Nike произведе 1.500 модели на патики со систем на врзување познат како Powerlace. Во овој систем на врзување постојат автоматски компоненти кои овозможуваат прилагодување на чевлата со ногата.

denes-e-denot-koga-marti-mekflaj-se-vrakja-vo-idninata-koi-od-futuristickite-predviduvanja-se-tocni-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...
„Одвратен е, но ми се допаѓа“: Зошто сите се згрозени од новиот филм на Деми Мур, а сепак го препора... The Substance e нов филм со Деми Мур во главната улога кој критичарите и јавност...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Бредли Купер повторно се разочара, Oppenheimer издоминира - Листа на победници на Оскари 2024 Најдобар филм е Oppenheimer на Кристофер Нолан кој воедно доби статуетка за најд...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg