Најдобрите филмски дијалози
Имате и вие омилен дијалог кој никогаш не ви излегол од глава? Тогаш го разбирате значењето и поуката на која се присетувате секогаш кога имате потреба.
Овој пат ги одбравме незаборавните дијалози од најдобрите филмски случувања на големите платна кои некогаш во животот сигурно ќе ви се најдат како поука.
- Верата е куќа со многу соби.
- Постои ли соба за сомнеж во таа куќа?
- Постојат повеќе, на секој спрат. Сомнежот е корисен, ја создава вербата во животот. По сè, не можеш да ја знаеш големината на своите убедувања додека не ги тестираш.
„Life of Pi“ Ang Lee, (2012)
- На овој свет постои природен редослед на нештата, а оние кои се обидуваат да го променат не поминуваат добро. Тоа движење, нема да го преживеат. Ако им се придружиш, ти и целото твое семејство ќе бидете исфрлени. Во најдобриот случај, ќе постоите како прогонети личности кои ќе ги плукаат и тепаат целиот живот. Во најлошиот, линчувани и распнати. А заради што? Што и да направиш – тоа никогаш нема да биде повеќе од капка во безграничниот океан.
- А што е океан, ако не многу капки?
„Atlas Cloud” Lana и Andy Wachowski, (2012)
- Кој е најотпорниот паразит? Бактериите? Вирусот? Тенијата?
- Господин Коб сака да каже дека тоа е...
- Идејата! Отпорна, многу заразна. Кога идејата ќе го зароби мозокот невозможно е да ја избришеш. Идејата која е потполно оформена и дефинирана - останува.
„Inception“ Christopher Nolan, (2010)
- Што мислиш, зошто луѓето се заинтересирани за уметноста?
- Немам врска, можеби тоа е бизнис?
- Не. Туку поради тоа што тоа е единственото нешто што човекот го остава зад себе.
„The Intouchables“ Olivier Nakache и Eric Toledano, (2012)