10 крими документарци на Нетфликс за познати (и морничави) случаи
Исчезнувањето на Медлин МекКен по која се трага веќе 18 години, снимки од интервјуа со свирепиот Џефри Дамер – дел од крими документарците на Нетфликс од кои ќе ве полазат морници.
Крими документарците ни даваат увид во психата на злосторниците, но се и начин да се разоткријат пропустите на надлежните со цел да можат да се избегнат во иднина.
Поради ова, изминативе неколку години се еден од најпопуларните жанрови на стриминг платформите.
Нетфликс изобилува со вакви документарци – некои во форма на филм, некои во форма на серии.
Ние ви предлагаме десет од нив кои се фокусираат на дел од најпознатите криминални случаи:
American Murder: Gabby Petito
Мини-серијата се фокусира на убиството на Габи Петито – 22-годишна девојка која тргнува на пат низ САД со комбе, со цел да стане влогерка.
Со неа бил нејзиниот дечко кој подоцна е и главен осомничен за нејзината смрт
The Disappearаnce of Madeleine McCann
Дефинитивно еден од најпознатите случаи на исчезнување е оној со Медлин МекКен.
Во 2007 година, Медлин и родители биле на одмор во Португалија, кога девојчето исчезнува од нивната хотелска соба.
Меѓу осомничените биле и нејзините родители, но подоцна се јавува сомнеж дека Медлин можеби била жртва и на педофил.
Who Killed JonBenet Ramsey
Џон Бене Ремзи имала само 6 години на денот на смртта, но дотогаш веќе била мала ѕвезда во САД.
Околностите на нејзиното убиство се ништо помалку од бизарни и долг период надлежните верувале дека нејзините родители имаат вмешано прсти во трагедијата.
This is the Zodiac Speaking
Сигурно сте слушнале за Зодијак – еден од најпознатите сериски убијци од поново време.
Во документарецот This is the Zodiac Speaking, едно семејство ги споделува своите наоди и сведоштва за главниот осомничен.
Death on the Staircase
Можеби овој случај не е познат колку другите на листата, но вреди да му дадете шанса.
Во 2001 година, умира сопругата на авторот Мајкл Питерсон, откако наводно паѓа по скали и се повредува.
Поради чудните околности, тој станува главниот осомничен со што почнува неговата долгогодишна битка со судството.
Според случајот е снимена и играна серија – The Staircase – која ќе ви се допадне ако сакате мистерии.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





