Филмски викенд: Адаптации на книги
Неколку филмови годишно знаат да изненадат со оргинална идеја, но најчесто филмовите што ме воодушевуваат се адаптации од книги. И одма после...
...догледувањето сакам да ја најдам книгата и да ја прочитам.
За овој викенд ви спремивме предлози од секој жанр, а тоа што им е заедничко е дека сите се адаптации од книги.
Имаме правнички трилер, меланхонична научна фантастика и романтична комедија во 1920тите.
Приказните се интересни и ќе го задржат вашето внимание. Се надевам дека ќе уживате.
Ова е криминален судски трилер со многу пресврти во приказната што ќе ве натера да погодувате кој ќе биде исходот.
Мики е просечен безскрупулозен адвокат што работи на одбрана на криминалци. Тој се користи со секакви трикови за да ги ослободи своите клиенти, сè додека си плаќаат редовно, и не чуствува грижа на совест дека пушта криминалци на слобода. Тој работи од својата кола Lincoln што му служи како канцеларија (од тука и името на филмот).
Мики ќе биде повикан од еден млад богаташ, кој е обвинет за силување и обид за убиство на проститутка, и неговата одбрана ќе му донесе многу пари. Но, ситуацијата се расплеткува во друга насока, и Мики ќе ги користи сите свои финти за да излезе од дупката во која сам се закопа.
Пресвртите и брзината со која се развива приказната го издвојува овој филм од сличните вакви правнички трилери. Плус го имаме Метју Меконахи, после подолго време, целосно облечен и со сиот свој актерски шарм. Релаксирачки филм за тепање на време.
Режија: Brad Furman
Глума: Matthew McConaughey (Мики), Marisa Tomei (бифшата сопруга на Мики), Ryan Phillippe (младиот богаташ)
Рут, Кати и Томи живеат во интернат за деца, тотално несвесни за животот и светот надвор од интернатот.
Нивниот живот изгледа сосем нормален. Но, како растат дознаваат страшни работи за нивната иднина. Сите соништа, и фантазии, сè што планирале да остварат во животот нема да се случи.
Сè што останува е да се искористи ова малку време што им е дадено, да се ужива во љубовта и пријателството, да се помират со судбината.
Филмот е депресивен, и ќе ве прогонува со денови откако ќе го изгледате. Но, исто така ќе ве натера да размислувате за вашите приоритети во животот, дали ако знаате кога рокот ви истекува ќе живеевте поинаку?
На самиот почеток ни е кажано дека е научна фантастика, но приказната е толку реално прикажана што ќе заборавите дека гледате научна фантастика.
Преку музиката, сценографијата, и тишината се чувствува безизлезноста во која се наоѓаат тројцата другари. Маестрално склопен филм, и го препорачувам на секого.
Режија: Mark Romanek
Глума: Keira Knightley (Рут), Carey Mulligan (Кати), Andrew Garfield (Томи)
Одлична романтична комедија, погодена за сите возрасти. Џон е млад, традиционално воспитан и британец, а Ларита е постара, модерна и американка.
По кратка луда романса, се венчаваат и ги гледаме како се враќаат во фамилијарната куќа на Џон. Новата невеста не е примена со воодушевување од здрвените британци, таа вози тркачки коли, се облекува ултра модерно и зборува многу повеќе од што треба.
Свекрвата манипулира за да ги раздвои, свекорот е незаинтересеран, бидејки војната му го уништила духот, Џон сака да ги задоволи интересите на двете жени што подеднакво ги сака, а Ларита сака што побрзо да си одат од таа куќа.
Но, бракот почнува да се распаѓа. Дали љубовта навистина може да премине преку сè?
Сето ова исполнето со брз и паметен хумор, одлична актерска екипа и прекрасно сценарио. Ќе ве насмее и ќе ве натажи. Нешто како "Meet the parents" во аристократска Англија во 20тите години од минатиот век.
Режија: Stephan Elliott
Глума: Jessica Biel (Ларита), Ben Barnes (Џон), Kristin Scott Thomas (свекрвата), Colin Firth (свекорот)
И.Т. | Црнобело