Филмски викенд: Божиќни филмови

filmski-vikend-bozikni-filmovi-povekjeКако што ветивме, за овој Божиќ ви предложуваме десет божиќни филмови. Се разбира дека има незаменливи класици како "Home Alone", "Serendipity"...


..."A Christmas Story " или многу други, па затоа се концентриравме на некои понови или не така познати филмови, што се надеваме дека ќе ви го привлечат вниманието и ќе ви дадат потик да погледнете нешто ново.

Одберете си филм и уживајте во овој продолжен празничен викенд.

filmski-vikend-bozikni-filmovi-1

Four Christmases (2008)

Еден пар го пропушта летот што ќе ги извади од градот за Божиќ, и е принуден да поминат до кај своите родители како би го прославеле празникот заеднички. Но, нивните родители се разведени и тие треба да преживеат дури четири Божиќни средби. Интересна романтична комедија, а Рис Витерспун и Винс Вон изгледаат одлично како заљубена двојка во филм.
 filmski-vikend-bozikni-filmovi-2

The Family Stone (2005)

Сара Џесика Паркер во улога на конзервативна бизнисменка, која оди со својот дечко кај неговата фамилија за да ги прослават Божиќните празници. Но, ништо не тргнува како што треба. Супер лесна комедија, со многу познати глумци и интересни ситуации.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-3

Lost Christmas (2011)

Типичен божиќен филм, што најверојатно е инспириран од филмските класици 'The Christmas Carol' и 'It's a Wonderful Life', ќе ве расолзи и насмее, а најверојатрно и заинтригира преку многуте различни приказни. Да се напомене дека е нов британски филм, но приказната е интересна и вреди да му се даде шанса. Глумата и продукцијата се одлични како и секој филм од BBC.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-4

Love Actually (2003)

Прекрасно изработен филм, омилен и на многу читалели, а и мене. За тие што не го погледнале препорачувам веднаш да најдат време и да уживаат во филмов. Во самата основа е романтична комедија, изобилува со познати филмски ѕвезди, и некако успева да го задржи нашето внимание, а и божиќниот дух низ сите паралелни приказни.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-5

A Christmas Kiss (2011)

Не очекувајте премногу од овој филм, бидејки е скромна телевизиски продукција. Но ако сте во тоа романтично празнично расположение, овој е идеалниот филм за вас. За еден  Божиќ, во расипан лифт, се среќаваат дечко и девојка што досега не се виделе. Од самиот наслов можете да претпоставие што се случува во лифтот ;). Но работите никогаш не се така едноставни. Лесна романса што ќе ви пополни една ноќ.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-6

The Christmas Cottage (2008)

Делумно биографски филм што ни раскажува што стои позади познатата слика "Божиќна колиба" на Томас Кинкејд. Ни раскажува како младиот уметник ја започнува својата кариера откако ќе открие мајка му има проблеми со исплаќањето на хипотеката на нивната куќа. Спор филм, можеби ќе добиете чуствто дека слушате радио емисија, но се издвојува од останатите романтични комедии.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-7

12 Dates of Christmas (2011)

Прилично проста приказна каде една симпатична девојка магично добива 12 шанси да си го поправи животот и врските со тие што најмногу ги сака. Иако делува ефтино и премногу едноставно, има нешто интересно да гледаме 12 различни исходи од истото рандеву со истиот дечко. Се разбира дека на крај ќе завршат заедно, како што се случува во секој
божиќен филм.
 filmski-vikend-bozikni-filmovi-8

Christmas Cupid (2010)

Нова верзија на класичната приказна за Божиќ, еден клиент на Слоан умира и се враќа во нејзиниот живот како дух кој ќе ја прошета низ минатото, сегашноста и иднината. Тој ќе ја натера да
си ги преиспита ставовите спрема животот.  Дали некаде низ тој времеплов ќе си ја најде љубовта на својот живот, оставам на вас да откриете ако го погледнете филмот.

 filmski-vikend-bozikni-filmovi-9

Arthur Christmas (2011)

На ноќта пред Божиќ, најмладиот син на Дедо Мраз, ќе ја искористи ултра модерната опрема на татка му за да достави еден поклон кој не се испорачал до соодветната дестинација. Оваа анимирана комедија е
погодна и за млади и за стари, и вреди да се погледне.
 filmski-vikend-bozikni-filmovi-10

Bad Santa (2003)

Малку постар филм, но мора да има и предлог за циничните читатели кои не ги сакаат празниците. Овој Дедо Мраз пие, пуши и има секс на јавни места. Социјално неприспособен и недозреан, ги мрази децата,а и себе си, тој е најлошиот Дедо Мраз што работи по трговски центри. Но е ненормално смешен, па ако сакате да погледнете поинаква божиќна приказна, овој е филмот за вас.

Споделете кои се вашите омилени Божиќни филмови!

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 ретро хорор филмови кои и денес ни е страв да ги гледаме сами The Exorcist до денес важи за најстрашниот филм на сите времиња, а морничавата м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg