Викенд филмови: Патување низ времето

filmovi-za-ovoj-vikend-patuvanje-niz-vremeto-povekjeЗа овој викенд ви предлагаме 3 филмови што обработуваат иста тема, а тоа е патување низ времето. Морам да признаам дека приказните со...


...патување низ времето одсекогаш ме нервирале.

Секогаш постоеле дупки во сценариото, или концептот бил искористен да се оправдаат некои појави што незнаеле сценаристите како да ги решат.

Ако ме прашувате мене мислам дека тоа е многу замарање, кога главната работа што треба да ја направи еден филм е да ме забавува.

Почесно место има и "Hot Tub Time Machine" кој навистина ќе ве забавува, но сметам дека скоро сите го имаат гледано.


Frequently Asked Questions About Time Travel (2009)


Оваа британска комедија ме изненади со пристапот кон концептот патувањето низ времето.

filmovi-za-ovoj-vikend-patuvanje-niz-vremeto-1

Дури и самото име ви наговестува што да очекувате, одговори на често поставуваните прашања за патување низ времето. Да почнеме од почеток.

Реј, Тоби и Пит одат во локалниот паб и ги прават истите работи како во било која друга вечер, пијат пиво, јадат чипси, зборуваат за филмови, музика и досадниот живот.

Тука станува интересно бидејки доаѓа делот со научна фантастика. Еден од нив оди до тоалетот и открива дека таму има дупка во времето што му дозволува да скока напред и назад низ времето, т.е. во иднината и минатото.

Но, патувањето низ времето може да му наштети на универзумот и да го уништи.

Знам дека звучи многу комплицирано и некако познато, но бидете спремни за да се изненадите. Смешните моменти доаѓаат од ситуациите во кои запаѓаат, но и од карактерите на главните ликови.

Филмот е преполн е со неочекувани пресврти и сите ситуации се надополнуваат и имаат смисла, а тоа се две работи што ми се допаѓаат кај британските филмови.

И за крај да ве предупредам да не очекувате познати глумци, добро глумење, или специјални ефекти. Се гледа дека продуцентите имале мал буџет, но иако скратиле на некои места имаат одличен филм што ќе ве забавува саат и пол. Ако ви се допаднал Shaun of the Dead, ќе ви се допадне и овој филм.

Режија: Gareth Carrivick
Глума:Chris O'Dowd (Ray), Marc Wootton (Тоби), Dean Lennox Kelly (Пит), Anna Faris (Каси)


The Time Traveler's Wife (2009)


Овој филм исто така има патување низ времето, но само толку од научната фантастика, останатиот дел од филмот е романтична драма.

filmovi-za-ovoj-vikend-patuvanje-niz-vremeto-2

Главниот лик Хенри страда од најчудната измислена болест на светот. Има генетско пореметување што го принудува да патува низ времето, но начесто тоа е против негова волја и се случува неконтролирано.

Еден ден ќе се запознае со Клер, тој скока во и од нејзиниот живот, и низ годините и средбите, ќе се заљубат и ќе се венчаат.

Но, Клер открива дека да се биде омажен за човек кој постојано исчезнува да живее во друго време и не е така интересно, и нивниот брак пати.

Хенри се бори да се излечи и да стави некаква контрола во својот живот, но открива дека неможе да избега од својата судбина.

Ако го гледате овој филм можеби ќе имате проблеми со делови од приказната, затоа што треба малку поголема фантазија да се пратат двете животни линии.

Сепак овој филм е прекрасно изработен, глумата е одлична, сценариото го задржува вниманието.

Режија: Robert Schwentke
Глума: Rachel McAdams (Рејчел), Eric Bana (Хенри)


Source Code (2011)

Овој филм не припаѓа во стандардните "патување низ времето" филмови, затоа што нема машина или болест или дупка во времето што ќе ни овозможи патување.

Но, ако го догледате до крај ќе разберете за што зборувам. На моменти потсетува на култниот филм "Groundhog Day" (во повторувањето на истите настани) или па на "Inception" (воfilmovi-za-ovoj-vikend-patuvanje-niz-vremeto-3
приказната).

Капетанот Колтер Стивенс се буди во тело на друг човек, и открива дека е дел од тајна мисија која бара од него да го најде човекот што поставил бомба во возот што патува накај Чикаго.

Со самото будење во туѓото тело тој сфаќа дека ова не е нормална мисија. Тој е дел од програм што се вика Source Code, што му овозможува да го превземе туѓото тело во последните 8 минути од неговиот живот.

Колтер ги преживува тие 8 минути неколку пати, секој пат собира се повеќе информации и се доближува до терористот.

Ова е интересна футуристична акција, што комбинира неколку паралелни приказни и навистина го задржува вниманието.

Овој е еден од оние филмови кои покрај двочасовната забава можат да ве инспирираат да го зграпчите денот. Да го живеете секој ден како да ви е последен.

Режија: Duncan Jones
Глума: Jake Gyllenhaal (Колтер Стивенс), Michelle Monaghan (Кристина, сопатничка во возот) и Vera Farmiga (Колин, научник дел од програмата)

Кои се вашите омилени филмови со патување низ времето?

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
10 одлични, но потценети (и заборавени) филмови кои треба да ги изгледате Blood Diamond ќе ви ја покаже мрачната страна на индустријата со дијаманти, а Eq...
Како изгледаат ѕвездите од филмот Twilight, 16 години подоцна? Во ноември годинава навршуваат точно 16 години од премиерата на првиот филм од с...
10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg