Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња?
Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање серии со специфични приказни и многу специјални ефекти. За дел од најскапите серии, тие трошат и повеќе од 30 милиони долари за само една епизода. Кои серии спаѓаат овде?
Светските стриминг сервиси го сменија изгледот на телевизијата, а Netflix, Disney+, Amazon, Apple TV, HBO Max водат војна за гледачи, претплати и реклами.
Овие платформи трошат многу за да заработат многу.
Тие ги снимија и ги прикажуваат некои од најскапите серии на сите времиња.
Знаете ли кои се 10-те најскапи серии на сите времиња?
Lord of the Rings: The Rings of Power – 58 милиони долари по епизода
Филмовите работени според трилогијата на Толкин станаа еден од најголемите светски хитови во 2001-ва година.
Режисер беше Питер Џексон, кој уште во тоа време инсистираше да се инвестира многу во снимањето на трилогијата.
Поттикнати од успехот на филмовите, Amazon решија да не штедат пари за снимањето на серијата.
Првата сезона се проценува дека чини околу 465 милиони долари, а Amazon претходно плати 250 милиони долари во наддавањето за правата на серијата.
Со тоа, Lord of the Rings: The Rings of Power стана најскапата серија во историјата со потрошени 58 милиони долари по епизода.
Stranger Things – 30 милиони долари по епизода
Stranger Things е една од најгледаните серии на Netflix и со причина - во неа e вложенa огромна сума на пари.
Употребата на специјални ефекти, реалистичната сценографија и снимањето на оддалечени локации само го зголемија буџетот на оваа серија и ја направија една од најскапите досега.
Сериите на Marvel - 25 милиони долари по епизода
Откако Disney го купи Marvel, сериите за суперхерои се промовираат на неколку месеци, а секоја од нив е исклучително скапа.
Disney+ досега ги има издадено сериите Loki, The Falcon and Winter Soldier, WandaVision, Hawkeye, She-Hulk, Ms. Marvel, Moon Knight и Inhumans.
Но, овој стриминг канал најави уште неколку серии во иднина.
Се проценува дека буџетот за секоја од нив е околу 25 милиони долари по епизода.
Pacific – од 20 до 21 милион долари по епизода
Воената мини-серија на HBO од 2010 година во режија на Стивен Спилберг, во која Том Хенкс ја има главната улога, сè уште е меѓу најскапите 10 на сите времиња.
Интересно е што оваа серија беше значително поскапа од серијата Band of Brothers во која режијата, исто така, беше на Спилберг, а Хенкс ја имаше главната улога.
Но, клучно за големиот буџет на серијата беше снимањето на сцените на битките во Пацификот, кои се спектакуларно прикажани во серијата.
House of the Dragon – 20 милиони долари по епизода
House of the Dragon на HBO е „приквел“ на популарната серија Game of Trones, а е и поскапа од нејзиниот претходник.
Иако буџетот на оваа серија беше значително поголем, продукцијата се пофали дека дури и заштедиле пари овојпат, и покрај тоа што имале повеќе сцени со змејови кои се работат во CGI технологија.