Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња?
Game of Thrones – 15 милиони долари по епизода
Game of Thrones е една од најуспешните и најгледаните серии во историјата.
Но, таа тешко ќе го достигнеше тој статус ако во неа не беа вложени милиони и милиони долари.
Серијата е позната по големиот број актери, главни и поважни споредни улоги, а низ серијата поминаа илјадници епизодни актери и статисти.
Ако се додаде и фактот дека снимањето се одвиваше на различни локации, како и многу скапите сцени со White Walkers или змејовите, изненадување е што оваа серија е само на шестата позиција според потрошените пари по епизода.
The Mandalorian – 15 милиони долари по епизода
Според многумина, серијата Mandalorian е најдоброто нешто што некогаш било излезено од франшизата Star Wars.
Специјалните ефекти се фантастични, локациите прекрасни, а само за сцените со Грогу („бејби“ Јода) се потрошени околу 5 милиони долари.
Сепак, бидејќи моментално е една од најфалените серии на Disney+, веројатно вредат сите потрошени пари.
See – 15 милиони долари по епизода
Научно-фантастичната серија на Apple TV+ со Џејсон Момоа во главната улога, има малку специјални ефекти кои драстично го зголемија буџетот.
За жал за љубителите на серијата и оние што го сакаат овој жанр, серијата има само две сезони и најверојатно нема да се снима понатаму.
The Morning Show – 15 милиони долари по епизода
Apple TV+ вложи по 15 милиони долари од епизода во серијата во која нема CGI технологија, нема специјални ефекти и снимање на скапи локации, но ја предводат актерките од холивудската А-листа.
Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Карел ја водат оваа серија, а доволно е да се каже дека тие се едни од најплатените актери на денешницата.
Е.Р. – 13 милиони долари по епизода
Најголемото изненадување на листата е медицинската серија Е.Р. на NBC, која се снимаше 15 сезони. Таа доминираше на ТВ-екраните од 1994 до 2009 година.
Низ серијата поминаа десетици познати актери, како Џорџ Клуни кој беше главен лик во серијата во 1990-тите, а подоцна Горан Вишњиќ, Стенли Тучи, Форест Витакер, Вилијам Х. Мејси, Тенди Њутн и многу други.
А колку беше популарна, можеби најдобро говори фактот што една од епизодите ја режираше Квентин Тарантино.
А. Ј. | Црнобело