Тутунските компании на светско ниво континуирано развиваат нови производи, меѓу кои и електронски цигари и производи кои не го горат, туку го загреваат тутунот, а кои целосно ја менуваат веќе постоечката состојба на пазарот на производи од тутун во светот. Важно е да се напомене дека сите овие производи се наменети само за возрасните пушачи кои сакаат да направат промена и ќе се одлучат за ваков вид алтернативен производ, а инаку би продолжиле да пушат.