Модата на Златна бубамара на популарноста 2023 (фото)
- Детали
- петок, 17 март 2023
Од елеганцијата на Блага Петреска и Ирена Спировска до сексапилот на Кристина Димитри - што видовме на моден план на Златна бубамара 2023?
Вчеравечер (16 март) се одржа 26-тото издание на најкултната манифестација кај нас, Златна бубамара на популарноста 2023, во спортската сала Борис Трајковски, а таму покрај многу насмевки, видовме и впечатливи модни изданија од македонските познати личности.
Од елегантните Блага Петреска и Ирена Спировска на сцената, и тренди аутфитот на Лара Иванова, до сексапилната Кристина Димитри во публиката.
Потоа, од црниот елегантен фустан на Вера Мештеровиќ и коктел фустанот на Милена Антовска во публиката до кул изданијата на Атанас и Тино во улога на домаќини.