Браво: Македон го покажа сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“
- Детали
- сабота, 04 март 2023
Има само 8 години, а веќе говори повеќе јазици, меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование. Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски го покажа сребрениот медал што го освои на натпреварот „Математика без граници“.
Малиот генијалец од Тетово Македон Димтровски (8) се фотографира со сребрениот медал со кој се закити на годинешниот натпревар „Математика без граници“.
Неговиот татко Владимир Димитровски на социјалните мрежи ги објави фотографиите од Македон со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.
Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари, а учествувале 4.142 учесници од 23 земји.
Татко му, Владимир во изјава за CRNOBELO.com откри дека годинава имале потешкотии за пријавување на натпреварот, но сепак Македон успеал да учествува и да постигне високи резултати.
За потсетување, минатата година Македон на истиот натпревар освои златен медал во зимската сесија, а медалите му беа врачени на последниот училиштен ден од минатата учебна година, кога беше организирана и посебна церемонија.
Македон Димитровски е 8-годишен генијалец од Тетово, кој говори повеќе јазици меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование.
Прочитајте и Браво за Македон (7) - Малиот генијалец од Тетово oдржa лекција по историја и географија (видео)
Б. С. Б. | Црнобело