Елена Ѓорговска, студент по медицина и модел: „Учев по 12-14 часови на ден, за да можам да одам на модни ангажмани“
Првите три години од студии работев како „парт тајм“ модел, бидејќи и факултетот не ми дозволуваше повеќе. Секако, да напоменам има и периоди кај што сум се чувствувала изморено, но секогаш верувам во себе и се будам секое утро со мислата „Можам и Сакам“.
Сите што ме познаваат знаат колку сум се трудела за да стигнам до тука сама, колку ноќи непреспани да постигнам сè што од секогаш сакав.
И да, во мојата фамилија нема ниту доктор, ниту модел, туку го правам тоа што го сакам и кога се сака, сè се може. Никогаш нема место за изговор кај мене, бидејќи дисциплината е секогаш пред мотивацијата.
Можеби најгорда сум на тоа што годинава бев забележана од модната агенција „Е2 моделс менаџмент“ од Милано, Италија, која ми овозможи да работам како интернационален модел во истоимениот град, а наскоро патувам како интернационален модел и во друга земја.
Сега сум четврта година на моите додипломски студии со положени 90% од предметите.
Мојот ден започнува во 7 часот наутро, за да можам редовно да ги посетувам предавањата, вежбите, да учам, вежбам, работам и завршува доцна по полноќ. Останете мотивирани, за сè се има време ако се сака, иако јас во овие студентски денови сфатив дека 24 часа во денот ми се премалку за моите активности и ангажмани.
Во ниеден случај не сакам да кажам дека двете работи се лесни. Напротив, ги разбирам сите студенти на мојот факултет кога се жалат дека не можат да постигнат, самиот факултет е исцрпувачки и бара преголема жртва и труд, од претклинички предмети кои се теоретски премногу обемни до предметите на клиника, на кои сме по цели денови на вежби, во амбуланта исто така и работа со пациенти, присуство на интервенции, дежурства.
Исто така, и моделингот како работа не е воопшто како сите што мислат дека е лесно и само се сликаш.