Емилија е мајка на 2 деца и една од најфит Македонките на Инстаграм - споделува топ 5 совети за вежбање

Атрактивната Емилија Манџуковска (31) од Скопје e претприемач, но и вљубеничка во фитнес, едноставно не може да си ги замисли деновите без тренинзи и притоа успева совршено да балансира со обврските околу семејството.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-01.jpg

Емилија Манџуковска (31) од Скопје e претприемач, сопственик на бутик за женска облека, сопруга и мајка на две деца, но и вљубеничка во фитнес.

Таа со право ја носи титулата една од најфит Македонки мајки на Инстаграм.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-13.jpg

Постојано вежба и сака да се грижи за изгледот на своето тело, а фотографии од тренинзите споделува на нејзиниот Инстаграм профил.

За CRNOBELO.com Емилија споделува топ 5 совети за вежбање, според неа:

Почнете постепено

Не се форсирајте со цел побрзо да постигнете резултати, тоа може да ви донесе само повреди. Почнете со половина час, потоа постепено зголемувајте.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-06.jpg

Вметнете го вежбањето во вашата секојдневна рутина

Тоа не значи дека треба да вежбате секој ден, туку целта е вежбањето и дисциплината да станат дел од вашиот живот.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-19.jpg

Балансирана исхрана и многу вода

Овој совет сигурно веќе сте го слушнале, но е навистина битен. Без разлика која е вашата цел, избегнувајте внесување на непотребни калории.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-08.jpg

Здравствени придобивки

Покрај изгледот, физичката активност ја зголемува енергијата, помага за подобрување на расположението, ослободување од стресот и го намалува ризикот од хронични болести.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-04.jpg

Не брзајте, фокусирајте се

Фокусирајте се на формата, односно на правилно изведување на вежбите, за да ги искористите целосните придобивки на самата вежба, воедно и да избегнете повреди. Квалитетот на изведените вежби е поважен од квантитетот.

emilija-e-majka-na-2-deca-i-edna-od-najfit-makedonkite-na-instagram-spodeluva-top-5-soveti-za-vezhbanje-14.jpg

На следната страница повеќе фотографии од Емилија...



Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg