Јелена Спенџарска откри за што ѝ завидуваат луѓето: „Понекогаш љубомората не е од тоа колку си побогат од нив“
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
„Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле. Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен...“, гласи дел од објавата на Јелена Спенџарска.
Јелена Спенџарска на Инстаграм откри дека планира како порано повторно да пишува подолги објави од тоа што ја инспирира во животот и да споделува животни лекции.
Овојпат таа проговори за што најчесто ѝ завидуваат луѓето. Не е напишано во прво лице, но инспирирана е од своите искуства, како и секогаш кога станува збор за ваков тип на објави.
Нејзината објава гласи:
„Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како и колку те сакаат другите и како ти покажуваат љубов.
Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле. Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен. Тие не можат да поднесат дека тебе главата постојано ти гордо исправена.
Луѓето ти завидуваат на твојата интелигенција и како едноставно правиш работите да се случуваат. Како лесно ги надминуваш проблемите во кои тие уште се гушат.
Прочитајте и „Близнаци, колку си одговарате“ - Јелена Спенџарска вљубена на новата фотка со дечкото од Грција
С. С. | Црнобело