Билјана Дебарлиева славеше Нова година со сопругот, Дац позира со саканата Весна: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- среда, 04 јануари 2023
Игор Џамбазов празничните мигови ги минува со неговата сестра Тања, Лила става крај на една тешка година во прегратка со својот мачор, а Драган Спасов Дац само си посакува да дочека уште многу нови години заедно со сопругата Весна.
Сара Мејс позираше со семејството во новогодишно издание и порача:
„2022 беше година што ми ја комплетираше визијата за среќа, последното делче од сложувалката за среќа во изобилие. Ме запозна со нови чувства, кои претходно никогаш не сум ги почувствувала. Чувства што не можам да ги опишам сигурно, но ќе пробам да бидам блиску.
Целосна исполнетост и препук од среќа додека си спектатор на комуникација и поврзаност (детска игра и љубов) помеѓу две мали човечиња што се брат и сестра, но не било кои брат и сестра, туку оние што од мене излегоа, моите парчиња, од моево тело.
Неверојатно е тоа чувство и дефинитивно вреди да се постои за истото. Комплетирање….целосно комплетирање. Фала ти 2022. Царицо моја. Никогаш нема да те заборавам!“
Потоа и Лила објави празнични фотки со нејзиниот мачор Рагнар:
„Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар. Заслуживме да ѝ се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција… која скапо ме чинеше, ама истовремено сум ѝ многу благодарна за искуството за кое не бев подготвена.
Ама нели „храбрите ги прати среќата“, па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста ѝ беше! …. Она што ми е најбитно од сѐ и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе, луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене.
Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели. Благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум. Имајте најсреќна нова година. Ве сакам и во годинава што следува бидете ми живи и здрави.
Ваша Лила
Што прават македонските ѕвезди деновиве:
Сара Мејс и Димитар Атанасовски
Драган Спасов Дац со сопругата Весна
фото: Фејсбук
Мартија Станојковиќ
Лила Филиповска
Билјана Дебарлиева
фото: Фејсбук